ВО ТУРЦИЈА И ГРЦИЈА

Загрижувачки бран на антисемитизам

 
Последните настани кои се насочени кон евреј­ските заедници во Грција и Турција упатуваат на загрижувачкиот бран на анти­семитизам во овие држави.

Во Истанбул, еврејското население е шо­кирано по терористичките напади на двете големи синагоги  - Неве Шалом и Бет Израел, во познатиот истан­булски кварт Галата, во кои загинаа околу 50 лица. Евреите во Турција досега се чувствуваа безбедни и сосема инте­грирани, но од неодамна тоа чувство е изменето.

Слично е расположението на евреј­ските заедници во Грција, осо­бено по јавните антисемитски истапи на некои познати личности. Меѓу после­дните беше Микис Теодоракис, позна­тиот композитор, кој изјави дека еврејскиот народ е агресивен, фана­тичен и “корен на злото”. Грчката влада остро реагираше против оваа изјава на идниот можен кандидат на претседателските избори во Грција.

М.И.