Младинска акциска програма на заедниците
Повик за поднесување на проекти за соработка, обука и информации
Младинската програма на зедниците ги повикува промотерите на проекти да ги поднесат своите апликации за европски проект од пошироки размери.
ФИНАНСИСКИ РЕФОРМИ НА ЕК
Кон поефикасна употреба и дистрибуција по 2005 година
Околу 75 претставници од мрежата на невладини организации во Европа, во октомври во Палермо, се сретнаа со официјални лица од Европската ко­мисија и со претставници на Европ­скиот парламент и земјите членки.
„УНИТЕД“
Кампања против расизмот

На меѓународниот ден против фашизмот и антисемитизмот, 9 ноември, Европската мрежа против национализмот, расисмот и фашизмот, наречена “United for Intercultural action” (Здружени за интеркултурна акција), организира кампања против расизмот. Кампањата беше насочена пред се’ против фашизмот и антиземитизмот, кои се јавуваат како мошне опасни тенденции на тлото на Европа.
УРБАН
Европски самит на градови

Во Милано во ноември беше одржан европ­скиот Самит на градови, наречен “Урбан”, на кој беше разговарано за улогата на урба­­ните цен­три во градењето на европските политики за одржлив и балансиран развој.
ЕВРОПСКА КОМИСИЈА
Договор против озонското загадување

Советот за животна средина во Европската комисија донесе политичка одлука за заштита од загадувањето со озон, која ќе се спро­ведува во земјите кои се членки или претен­дираат на членството во Европската Унија.