ЕВРОПСКА КОМИСИЈА
Договор против озонското загадување
Советот за животна средина во Европската комисија донесе политичка одлука за заштита од загадувањето со озон, која ќе се спроведува во земјите кои се членки или претендираат на членството во Европската Унија.

Станува збор за лимитирање на емисијата на таканаречените “VOC-s (volatile organic compounds)” и нитрогеноксидите - материи кои се причина за создавање приземен озон кога времето е сончево и топло.
Озонот ја оштетува животната средина и човековото здравје, особено на постарите лица.
Според извештајот на Европската агенција за животна средина, летово во Европа имаше повеќе таканаречени “озонски инциденти”, за чие штетно дејствување предупредуваа и повеќе здруженија кои работат во областа на животната средина.
М.И.
|