УРБАН

Европски самит на градови

Во Милано во ноември беше одржан европ­скиот Самит на градови, наречен “Урбан”, на кој беше разговарано за улогата на урба­­ните цен­три во градењето на европските политики за одржлив и балансиран развој.

На оваа, втора конференција на мрежата на европските градови, присуствуваа гра­доначалниците и претставниците на граѓан­ските организации, како и на регионалните и националните влади и на европските тела. Беше донесена Повелба на градо­начал­ниците, во која се нагласува важноста на урбаните проблеми во однос на со­цијалната и тери­торијалната ко­хезија во Евро­па. Со овој до­ку­мент, од европ­ски­те те­ла се бара фор­­мирање струк­ту­рален фонд кој ќе биде насочен кон проблемите на ур­ба­ниот развој и зајакнувањето на улогата на локал­ните власти.

М.И