ФИНАНСИСКИ РЕФОРМИ НА ЕК

Кон поефикасна употреба и дистрибуција по 2005 година

Околу 75 претставници од мрежата на невладини организации во Европа, во октомври во Палермо, се сретнаа со официјални лица од Европската ко­мисија и со претставници на Европ­скиот парламент и земјите членки.

Тие преговараат за иднината на ко­финан­сирањето на ЕУ - сек­торот на НВО во сегашните услови. Дебатирано е за фокусот на развој на ЕУ, за реорга­низацијата на буџетот и управувањето со буџетите преку делегации и со помош на други децентрализирани процеси.  Заклучено е дека сегашниот систем кој е премногу ригиден и ризикува да се урне, мора да претрпи суштински реформи во своите рамки. Договрените промени мора да се случат на политичко-стратешко, адми­нистративно ниво, како и во рамките на самата Заедница и на ниво на дијалог помеѓу партнерите. Импле­ментацијата на предлогот се очекува да се случи по 2005-тата.

Г.Ш.