Младинска акциска програма на заедниците

Повик за поднесување на проекти за соработка, обука и информации

Младинската програма на зедниците ги повикува промотерите на проекти да ги поднесат своите апликации за европски проект од пошироки размери.

Станува збор за програма со која младите луѓе добиваат можност за мобилност и  за  активно учество во изградбата на Европа на третиот милениум. Со цел да придонесе кон достигнувањето на “Европа на знаење” и кон создавање европска арена за соработка во развојот на младинската политика, базирана на неформалното образование, таа го поддржува концептот на доживотно учење и развој на способности и компе­тенции, кои промовираат активно држав­јанство.

На упатениот повик можат да аплицираат сите непрофитни организации и јавни тела кои имаат свое седиште во една од земјите вклучени во програмата и кои се подготвени  да развијат активности во согласност со целите на Младинската програма. Вре­метраењето на проектите е од 1 јуни до 31 декември 2004 година.

Краен рок за аплицирање: 31 декември 2003 г.

За повеќе информации: http://europa.eu.int/comm/youth/progrm/ingyo_en.html

Г.Ш.