|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Албанија
Се подготвува стратегија за миграции
Со поддршка од меѓународните партнери, Европската комисија и Меѓународната организација за миграции, Албанија започна да ја подготвува нацрт-стратегијата за миграции.
Главна цел на проектот е да се адресира итната потреба за реформи на полето на управување со миграциите во Албанија, преку изготвување национална стратегија за миграции која ќе опфати реформи на полето на имиграција и емиграција. Европската комисија финансиски учествува со грант од еден милион евра за имплементација на проектот кој има две примарни цели: да ги создаде неопходните правни и институционални механизми за изготвување на националната стратегија и да ги основа неопходните структури и административни капацитети за нејзино имплементирање, особено во рамките на релевантните министерства.
Г.Ш.
|
|
|
|
| Србија и Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина
Основана експертска група за помирувањеИгманската иницијатива, организација која под свое покровителство има над сто НВО од Србија и Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина, основала експертска група која треба да изготви модел за помирување на трите држави.
|  |
|
Бугарија
Усвоен Закон за анти-дискриминацијаБугарскиот парламент усвои Закон за антидискриминација, којшто ја забранува дискриминацијата на основа на многу нешта, вклучувајќи ја расата, полот, религијата, возраста и сексуалната ориентација. |  |
| Албанија
Се подготвува стратегија за миграцииСо поддршка од меѓународните партнери, Европската комисија и Меѓународната организација за миграции, Албанија започна да ја подготвува нацрт-стратегијата за миграции. |  |
|
|
|