ЕДНА ЛИЧНА ИНИЦИЈАТИВА
Прирачник за болните
Прирачникот за болните, „Болка во крстот“, на д-р Ериета Николиќ Димитрова го претставуваме, бидејќи претставува еден од мошне ретките примери на лична иницијатива на професионалните лица да дадат свој конретен придонес, наменет за граѓаните, уште повеќе кога тоа е создадено со речиси исклучиво сопствени средства и вон професионалните обврски.
Прирачникот е наменет за пациентите, пишуван во приемчив стил, со многу практични совети како да се делува превентивно против ова заболување, за кое авторката потенцира дека е една од најчестите болни состојби на современиот човек.
|