Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Животна средина

   

Настани Животна средина : ЕД Флора, Крива Паланка

Еколошко-едукативен камп

Во периодот од 31 август до 04 септември годинава, во организација на Еколошкото друштво Флора од Крива Паланка, се одржа Еколошко-едукативен камп. Местото на одржување беше манастирскиот комплекс Јоаким Осоговски, а на него учество зедоа средношколци и студенти од целата држава.

Спроведените активности беа од едукативен и работен карактер. Едукативниот дел опфати неколку теми: „Манастирот низ вековите“, „Работата и значењето на граѓанските организации“; „Комуникациски вештини“; „Изработка и водење проекти“; и, „Местоположбата и биодиверзитетот на Осоговските Планини“.
Работниот дел помина со практични активности, како што се отстранување на отпадоците од манастирскиот комплекс и неговата околина, околните излетнички места, и обнова на руинираниот манастирски инвентар (клупи, маси корпи…).

Како што изјавија од подмладокот на ЕД Флора, причината за организирање на Кампот е сe поголемата туристичка посетеност на манастирскиот комплекс и несовесното еколошко однесување на овие посетители кои зад себе оставаат голем отпад.

Подмладокот на ЕД Флора ќе продолжи со активностите за чистење на околината на Манастирот, вклучувајќи и активисти од Скопје, од Куманово и од Пробиштип, како и членови на други граѓански организации од Крива Паланка.

Д.М.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Настани Животна средина : ЕД Флора, Крива Паланка
Еколошко-едукативен камп
Во периодот од 31 август до 04 септември годинава, во организација на Еколошкото друштво Флора од Крива Паланка, се одржа Еколошко-едукативен камп. Местото на одржување беше манастирскиот комплекс Јоаким Осоговски, а на него учество зедоа средношколци и студенти од целата држава.
Настани животна средина Министерство за животна средина и просторно планирање
Еко-караванот патува низ Македонија
На 28 септември 2003 година Министерството за животна средина и просторно планирање на скопскиот плоштад „Македонија“ организира голема забава и еколошка акција, повикувајќи ги граѓаните на Скопје да возат велосипеди. Беше организирана велосипедска тура низ Скопје, со што граѓаните се вклучија во европското одбележување на Денот без автомобили.
 

©MCMS - designed by KOMA