|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
ВО ПРАГА
Втор светски конгрес за семејното насилствоВториот светски конгрес за семејното насилство обезбедува можност за интердисциплинарно и мултикултурно учење за експертите од здравствена грижа, образование, право, заштита на децата и возрасните, јавна политика, заштита на човековите права, јавно здравство, владини и меѓувладини агенции и невладини организации. Вториот светски конгрес ќе се одржи во Прага од 21 до 26 јуни оваа година. Краен рок за пријавување 31 мај. Повеќе информации на www.wcfv.org. |  |
| ВО КИЕВ
Работилница за прибирање средстваВо Киев, од 25 до 29 мај оваа година, ќе се одржи трета меѓународна работилница за прибирање средства. Целта на оваа серија работилници е да се истакнат основните проблеми со кои се соочуваат НВО во Источна Европа. Работилницата ќе лоцира извори на средства во областа на градење општество и ќе биде развоен инструмент за НВО. Мотото на Третата меѓународна работилница за прибирање средства е „Обезбедување средства – развивање општество“. |  |
|
ВО ЛОНДОН
Отворена канцеларија на Отворено општествоВо Лондон е отворена нова канцеларија од мрежата Отворено општество, финансирана од Џорџ Сорос. Оваа канцеларија ќе и’ помага на мрежата во градење партнерства со донаторите, ќе служи како канал за проток на информации, воспоставување контакти, ќе помага во развивање коалиции, а истовремено ќе дава логистичка поддршка на меѓународниот советодавен борд на Институтот отворено општество.
|  |
СЕМИНАР ВО СТРАЗБУР
Учеството на младите жени во политичкиот животОд 16 до 17 септември 2003 г., во Стразбур, Франција, се одржува семинар за учеството на младите жени во политичкиот живот. Последен рок за пријавување е 15 мај 2003 г. |  |
|
|
|
|