ВО ЛОНДОН
Отворена канцеларија на Отворено општество
Во Лондон е отворена нова канцеларија од мрежата Отворено општество, финансирана од Џорџ Сорос. Оваа канцеларија ќе и’ помага на мрежата во градење партнерства со донаторите, ќе служи како канал за проток на информации, воспоставување контакти, ќе помага во развивање коалиции, а истовремено ќе дава логистичка поддршка на меѓународниот советодавен борд на Институтот отворено општество.
Канцеларијата Отврено општество во Лондон, исто така, ќе работи на подигнувањето на јавната свест во Велика Британија за прашањата кои се од интерес на мрежата. Од оваа канцеларија ќе работат и директорот на програмата Исток-исток, како и европскиот координатор на кампањата „Publish what you pay“.
Причина за отворањето на лондонската канцеларија беше и мошне развиената соработка со невладините организации лоцирани во Лондон, како и со владата на Велика Британија. Оваа канцеларија ќе има задача и да ја координира подобро и да фацилитира во соработката на мрежата со британската влада и невладини организации. Електронската адреса на лондонската канцеларија е: OSI-London@osi-eu.org.
М.И.
Интердисциплинарна конференција за централна и источна Европа
Школата за славонски и источно-европски студии (ССЕЕС) на Универзитетскиот колеџ во Лондон, организира интердисциплинарна конференција за регионот на централна и источна Европа, што ќе се одржи во ноември годинава. ССЕЕС повикува да се поднесуваат реферати кои се однесуваат на пошироките и разновидни релации помеѓу државите, институциите и поединците во овој регион (покрупни искуства но и сосема секојдневни примери). За повеќе информации можете да се обратите до Школата за славонски и источноевропски студии - ССЕЕС, Сенат Хоусе, Лондон.
|