Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 27 Мај 2003  Коментар

КОМЕНТАР

Народни пратеници

Неколкуте иницијативи кои ги покренаа граѓанските здруженија, насочени кон приближувањето на граѓаните и парла­ментарците, доаѓаат навистина во крајно време. Во време во кое кај нас поимот „парламент“ е длабоко мистифициран и речиси го загубил звоето значење.  

Парламент“ и „парламентарци“ - тоа звучи толку туѓо за обичните луѓе, како и многу други странски или интер­на­ционални термини кои ги упо­требуваме иако за нив имаме и соодветни, наши - поблиски, поразбирливи, понародни. Можеби, ако Парламентот го викавме, на пример „Народно собрание“ (иако изворното, латинско значење на овој поим е „Место за договори“), а парла­ментарците „народни пратеници“, тие намаше да бидат толку отуѓени од обичниот народ. За жал, кај нас по последните години, се’ што има предзнак „народно“ се смета за назадно (за малку ќе речев „ретроактивно“) и за „опашка“ од претходниот систем (во кој имаше сепак и некои добри нешта кои ние требаше да ги преземеме, како што тоа го направија Словенците).

Терминот (или кованицата) „народни пратеници“ ја одразува суштината - тоа се навистина луѓе избрани и испратени од народот да ги застапуваат неговите интереси. Но, за жал, овие народни пратеници набргу се претвораат во „парламентарци“ и ја губат својата врска со народот. Го застапуваат најчесто само сопствениот интерес, не одржуваат средби со оние кои ги избрале, не ги знаат нивните потреби и немаат слух за нивните интереси.  

Поради тоа, сметам дека се извонредно важни иницијативите на здруженијата на граѓани да ја разбијат фамата наречена „Парламент“. Здружението ОХО, на пример, спроведува многу интересен проект, наречен „Мојот парламент“, во рамките на кој ги поттикнува граѓаните да му пишуваат на својот пратеник, да го потсетат кој е и зошто е. Дел од проектот се и неколкуте јавни дебати чија цел е да отпочне процесот на среќавање меѓу пратениците и граѓаните. „Да се владее во наше име“- насловот на видео-материјалот кој исто така е дел од овој проект, потсетува на суштината на пратеничката функција - дека тие се застапници на народот и дека преку нив треба да се остварува демократската форма на владеење.  

Неколку иницијативи со слични цели спроведуваат уште неколку други здру­женија на граѓани (една од нив е под­држана од МЦМС) - формирање лоби-групи, средби со пратениците, дебати и слично.

Да се надеваме дека тие за граѓаните ќе до демистифицираат Парламентот, а за парламентарците ќе значат деми­стификација на нивната функција и ќе ги претворат во „народни пратеници“ - но не онакви какви што ги опишува Нушиќ.

Маријана Иванова

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 27 Мај 2003
Број 27 Мај 2003
Настани
Календар
Балкан експрес
Европа
Свет
Публикации
Луѓе
Историја на граѓ. опш.
Тема
Интервју
Погледи
Коментар
Форум
Концепти
Појмовник
Q&A
Претставување
Избор
Број 27 Настани Прославен Националниот ден на Власите
Број 27 Настани Десет “демократски” тетратки
Број 27 Настани Трчачка мировна манифестација
Број 27 Луѓе ДАНИЕЛА СТОЈАНОВА
Број 27 Тема ГраѓАнските ЗдруЖЕнија Пред Нов Предизвик Со ПоддршКа На ДржАвата
Број 27 ИНТЕРВЈУ ФАБРИС ДЕ КЕРХОВ
Број 27 Форум Дали можеме самите?
 

©MCMS - designed by KOMA