Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Регионална соработка

   

НАСТАНИ

РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА

ОРТ 

Македонско-грчки партнерства на 21 век

Здружението за информации и одржлив развој – ОРТ (со седиште во Прилеп и канцеларии во Скопје и Кичево), неодамна организираше четиридневна билатерална конференција на невладини организации и локални самоуправи од Република македонија и Република Грција, чија цел беше поттикнување на нови идеи, иницијативи и соработка меѓу невладиниот сектор и локалните власти.


Конференцијата претатавуваше всушност завршна фаза на проектот „Креирање на македонско-грчки партнерства на 21 век” што ОРТ го реализираше во текот на годинава. Проектот беше поддржан од Програмата за прекугранична соработка на ФАРЕ. На конференцијата учествуваа 20 претставници на невладини организации и 18 претставници на локалните самоуправи (градоначалници, претседатели на совети на општините и советници) од македонија и Грција, како и претставник на Стопанската комора на Серес и еден бизнисмен од Костур, Грција.
На оваа Конференција се донесоа повеќе заклучоци, меѓу кои дека поради досегашната информациска затвореност на двете држави, организациите имаа тешкотии во воспоставувањето контакти и партнерства; дека постои голема желба и потенцијал за соработка и партнерски проекти од сите фактори, но постои потреба тоа да биде регулирано со правни акти, со користење на стекнатите искуства од меѓународната соработка; потребите од заеднички интерес на двете држави, за кои може заеднички да се делува се институционалното јакнење на организациите и локалните самоуправи, инфраструктурните проблеми, водосна­бдувањето, третманот на комуналниот отпад, заштитата на животната средина, изработка на заеднички акциони планови за развој на регионот, размена на информации и технологии и друго. Проеритет на соработката е даден за заштитата на Преспанското Езеро, подигнување на јавната свест преку кам­пањи, спречување на малолетничката деликвенција и трговијата со жени.
На Конференцијата беше промовиран адресар на НВО од пограничниот регион на Република македонија, наречен „Водач”, со над 110 здруженија, објавен на три јазици: македонски, грчки и англиски, како и новата веб-страница: www.ort.org.mk, кои ги изготви ОРТ.
Од ОРТ се надеваат дека оваа конференција и контактите остварени на неа можат да бидат основа за идно креирање на преку­гранични развојни проекти за подобру­вање на локал­ните заедници од двете држави, како и размена на искуства и знаења.
М.И.


 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 08 Септември 2001
Број 08 Септември 2001
Вовед
Настани
Погледи
Форум
Претставување
Донатори
Публикации
Избор
Календар
 

©MCMS - designed by KOMA