|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПРОАКТИВА
Трета средба на НВО со Светската банкаВо рамките на проектот „Право на учество”, финансиран од холандската НВО Милеуконтакт Оост-Еуропа, Здружението на граѓани Проактива од Скопје на 20 февруари годинава ја организира третата средба на здруженија на граѓани и Светската банка. Средбата се одржа во просториите на Банката во Скопје. На средбата присутните претставници на граѓанските здруженија има можност од страна на Жарко Богоев, одговорен за секторот за инфраструктура и енергетика при Светската банка, да дознаат за реализираните, тековните и идните проекти спроведени во земјава, со финансиска помош од Банката.
|  |
ВО РАМКИТЕ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА ЈИЕ
Регионален еколошки прес-центарЕколошкиот прес-центар од Скопје го спроведува проектот чија основна цел е оформување Регионален еколошки прес-центар, во рамките на Програмата за реконструкција на животната средина на Југоисточна Европа (РЕРеП). Идејата за формирање ваков центар беше поддржана на Конференцијата на министрите за животна средина, што се одржа во Скопје кон средината на март 2000 г. |  |
| МИЛИЕУКОНТАКТ ООСТ-ЕУРОПА
Обука за водење ефективни кампањиОд 8 до 10 февруари, во Струмица, холандската организација Милиеуконтакт Оост-Еуропа организираше обука за водење ефективни кампањи за невладини организации кои работат во областа на животната средина, со цел тие да ги подобрат своите вештини за планирање, подготовка, изработка и спроведување кампањи. Оваа обука е дел од програмата за развој на македонските граѓански организации како актери во креирањето одржливо и демократско општество, што Милиеуконтакт Оост-Еуропа ја спроведува во Македонија |  |
|
|
|
|
|