МИЛИЕУКОНТАКТ ООСТ-ЕУРОПА
Обука за водење ефективни кампањи
Од 8 до 10 февруари, во Струмица, холандската организација Милиеуконтакт Оост-Еуропа организираше обука за водење ефективни кампањи за невладини организации кои работат во областа на животната средина, со цел тие да ги подобрат своите вештини за планирање, подготовка, изработка и спроведување кампањи. Оваа обука е дел од програмата за развој на македонските граѓански организации како актери во креирањето одржливо и демократско општество, што Милиеуконтакт Оост-Еуропа ја спроведува во Македонија.
Обуката опфати излагање за водење на комерцијални кампањи, од извршниот директор на рекламната агенција "Публицис", Игор Челебиќ; презентација на нискобуџетни кампањи водени од НВО, од Катерина Стојковска, раководител на Канцеларијата на РЕЦ во Македонија; презентација на искуствата од кампањата "Немаме резервна планета" од Пеце Талевски, извршен директор на Установата ОХО, како и презентации не неколку кампањи спроведени од НВО: "Дешат" од Дебар, "Срна" од Скопје, "Светлина" од Свети Николе и "Планетум" од Струмица.
Последниот ден од обукате беше посветен на практична работа во групи, а целта беше учесниците да ги искористат добиените знаења во изготвување на планови за ефективна кампања, кои потоа беа изложувани и анализирани од сите учесници и од обучувачите.
М.И.
|