НВО Саем во Македонија
На првиот саем учествуваа 144 организации
Првиот НВО Саем во Македонија се одржа од 23 до 25 октомври 2001 година, во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Католичките служби за помош (ЦРС) и Институтот за трајни заедници (ИТЗ). Целта на оваа манифестација беше промоција на граѓанските организации и невладиниот сектор и подобрување на нивните односи со јавноста. На саемот активно учествуваа 144 организации од сите сектори: граѓанско општество, заштита на животната средина, детски права, вработување и генерирање приходи, права на жената итн.
НВО Саемот беше сочинет од изложбен дел, на него се одржуваа работилници за обука и тркалезени маси, како и форуми и панели.
„Приод кон донаторите“, „Концепт кон стратешко планирање“, „Градење мрежи и методи на соработка“, „Медиумите и НВО“, „Волонтерството во НВО“ и др., беа темите на кои се дискутираше на првиот саем на НВО.
|