Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Форум

   

Форум

Дали би го селектирале домашниот отпад?

Во Скопје сме сведоци на по­зититивното искуство од селек­тирањето на хартијата од страна на граѓа­ните, сто­панските субјекти и раз­личните организации и институции, кое го иницираше АД “Комуна”, која ја собира и ре­циклира старата хартија. Дали сте подготвени истото да го пра­вите со стаклените и пла­стичните шишиња, ли­мен­ките, текстилниот отпад, па дури и органските отпадоци, до­колку некој се “нафати” да ги собира од вашите домови или работни места, со цел да го намали отпадот што ја зага­дува на­шата животна средина и корисно да го употреби (рециклирајќи го) за ново про­изводство? Дали сте под­готвени да сора­ботувате, за заедничките интереси - почиста животна средина, помалку ѓубре, а повеќе можности за развој, вра­ботување, по­т­тикнување на производството?
Ве молиме вашите одговори да ги доставите на Форумот на “Граѓански свет” на веб-страниците: www.graganskisvet.org.mk или www.civicworld.org.mk, со вашето полно име и презиме, а доклку сте член на некоја организација, наведете го нејзиното име.

За почеток, еве како на оваа тема раз­мислуваат неколку лица активни во невла­диниот сектор:

 

Вера Димитриевска, ФИООМ:
Мислам дека е време и кај нас сметот да почне да се селектира и да се употребува на корисен начин, наместо да се фрла по депониите. Јас секако би се вклучила во таква иницијатива, ако се покрене од некого. Дотолку повеќе што веќе го селектирам сметот во мојот дом, како и на работното место. На работа ја селек­тираме старата хартија, која ја собира АД “Комуна”, а дома исто така ја селектираме и ја употребуваме. Покрај тоа, јас во посебни вреќи ги одделувам стаклените и пластичните шишиња. Во местото каде што живеам, нив ги собира една приватна комунална фирма и јас не знам што се случува после со нив, но се надевам дека се искористуваат на некој начин, дека не се мешаат со останатиот смет на депонијата. Сметам дека треба да се воведе и реци­клирање на различниот вид смет во Маке­донија, и дека кај населението веќе е изгра­дено одредено ниво на свест за да го прифати тоа.


Алиса Лиманова:
Јас лично сум подготвена да го селектирам сметот во мојот дом. Ако се постават контејнери за пластични и стаклени шишиња и друг отпад, за лименки и слично, таквите отпадоци ќе ги фрлам во нив, а не во оста­натиот смет. Мислам дека и многу други граѓани ќе сфатат дека на тој начин се поттикнува и се поефти­нува про­извод­ството, а ние добиваме нови вра­ботувања и почиста животна средина. Навистина не ми е јасно зошто некој не се организира селек­тирано да собира смет. Само, тоа мора да е добро организирано, контеј­нерите да ги има доволно и да бидат блиску до домовите.

 

ОД МИНАТОМЕСЕЧНАТА ДЕБАТА

Дали се согласувате со официјалниот став на Македонија кон војната против Ирак и со начинот на којшто е тој донесен? 

Во текот на април, на веб-страниците на “Граѓански свет” беше поставено едно од  најактуелните прашања во моментов на глобално ниво: војната против Ирак. Пра­шањето поврзано со војната го сведовме на локално ниво и ве прашавме за мислење: дали се согласувате со официјалниот став на нашата држава за давање на поддршка на САД и Велика Вританија во нивната акција против Ирак? Дали мислите дека за вакво суштинско прашање требаше да се прашаат и граѓаните? Дали требаше да се организира испитување на јавното мислење од страна на надлежните органи, па дури и референдум? Дали сметате дека граѓаните требаше да одлучуваат по ова прашање, или не?
Ова прашање е сеуште актуелно на веб-страниците на “Граѓански свет”. Еве што за ова прашање мислат некои луѓе кои се вклучија во нашиот Форум:

 

Тодор Михајловски:
Не се согласувам со одлуката на Владата да даде поддршка на САД и Велика Британија во нападот врз Ирак. Но, оставам простор дека можеби тоа беше потребно, дека Македонија тука гледа некој свој интерес. Сепак, мислам дека за вака важно прашање требаше да се распише референдум. Во други држави референдуми се распишуваат за нови улици, а камоли за вака крупни и стратешки прашања. Сметам дека по однос на оваа своја ослука, Владата постапи неде­мо­кратски.

 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 26 April 2003
Настани
Календар
Балкан експрес
Европа
Свет
Обуки
Публикации
Луѓе
Историја на гра. опш.
Тема
Интервју
Форум
Писма
Концепти
Q&A
Појмовник
Представување
Донатори
Избор
Погледи
Коментар
 

©MCMS - designed by KOMA