|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
ЦЕНТАР „СИМОН ВИЗЕНТАЛ“
Реинкарнација на антисемитизмот во Грција
Центарот „Симон Визентал“, со седиште во Виена, Австрија, предупредува на напливот на антисемитистички тенденции кои се јавуваа на југот на Европа – во Грција. Повеќе написи во весниците, како оној објавен во „Елефтеротипија“ во кој се вели дека Евреите го заслужиле Хитлер, и дека тие се животни „кои треба да си го проголтаат јазикот“, ги возбуди не само Евреите во Грција и во светот, туку и сите слободољубиви луѓе.
На оваа атмосфера се надоврзува и изложбата наречена „Млеко на телото“, отворена во една од атинските галерии, во која се глорифицира „хероизмот“ на арапските жени-самоубијци кои вршат тероростички бомбашки напади во Израел.
Д-р Шимон Самјуелс, директор за меѓународни односи во Центарот „Симон Визентал“, упати писмо до грчкиот премиер, Костас Симитис, во кое предупредува дека оваа изложба ќе продолжи да ја труе климата во Атина, која веќе е затруена со антисемитистичките написи во грчките весници. Тој исто така нагласи дека ваквата атмосфера е целосно контрадикторна со олимпискиот дух и дека на Грција, во пресрет на Олимпијадата, ни најмалку не & служи на честа.
М.И.
|
|
|
|
ГЕРМАНИЈА
Усвоена декларација за подобра интеграција на мигрантитеНа конгресот што под наслов „Интеграцијата на странците и нивно учество во европските градови“ беше одржан на крајот на септември во Штутгарт, во организација на Советот на Европа е усвоена декларација за подобра интеграција на мигрантите.
|  |
| Белгија
Финансии на ЕУ за НВО„ID's“ (Information Diffusion Europe Association) има за цел да им помага на организациите од непрофитабилниот сектор, како што се локалните и меѓународните НВО, асоцијациите и претпријатијата од социјален карактер, да ги прошират своите перспективи и да и’ додадат европски аспект на својата работа, со обезбедување услуги, како на пример финансирање на ЕУ. |  |
|
„ONCE“ – МЕЃУНАРОДЕН ФОТОГРАФСКИ НАТПРЕВАР
Свет за сите насОрганизацијата „ONCE“ од Билбао, Шпанија, која работи на социјалната интеграција на лицата со посебни потреби, во контекст на Европската година на лицата со попреченост во развојот, го организира Третиот меѓународен натпревар на фотографии под наслов „Свет за сите нас, да ги надминеме пречките“.
|  |
| |
ЦЕНТАР „СИМОН ВИЗЕНТАЛ“
Реинкарнација на антисемитизмот во ГрцијаЦентарот „Симон Визентал“, со седиште во Виена, Австрија, предупредува на напливот на антисемитистички тенденции кои се јавуваа на југот на Европа – во Грција. Повеќе написи во весниците, како оној објавен во „Елефтеротипија“ во кој се вели дека Евреите го заслужиле Хитлер, и дека тие се животни „кои треба да си го проголтаат јазикот“, ги возбуди не само Евреите во Грција и во светот, туку и сите слободољубиви луѓе.
|  |
Европската комисија
Усвоена работна програма за противпешадиски миниЕвропската комисија на 21 октомври ја усвои програмата за противпешадиски мини за 2003 година, со буџет од 18.150.000 евра. Програмата се фокусира на Авганистан, Ангола, Ерменија, Азербејџан, Камбоџа, Бурма, Шри Ланка и Судан, со цел да им помогне на земјите кои страдаат од последиците на противпешадиските мини, во создавање напотребните услови за економски и социјален развој. |  |
|
|