Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 31 Октомври 2003  Календар

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News

Календар

8 ноември

Светски ден на урбаните регии

Во светот, осми ноември се прославува како ден посветен на урбаните регии. На овој ден обично се одржуваат трибини, предавања и слични манифестации посветени на градовите и другите урбанизирани простори, проблемите кои се присутни во нив, но и демонстрации и слични акции чија цел е да ја подигне свеста, да ги промовира и да го поттикне разрешувањето на проблемите поврзани со урбаната екологија. 

21 ноември

Средба на македонски и словенечки претприемачи

НЕПА и БСН (BCN Business Cooperation Network), во соработка со Центарот за развој на малото стопанство од Словенија, организираат средба на македонски и словенечки претприемачи, што ќе се одржи во Скопје (во хотел „Континентал“), на 21 ноември годинава. Ќе бидат присутни околу 50 претприемачи од Словенија. Овој настан е дел од билатералната стопанска соработка Македонија-Словенија, а е финансиски поддржан од Пактот за стабилност, ЦЕИ, Министерството за економија на Република Македонија, Центарот за развој на малото стопанство од Љубљана и НЕПА.

21-22 ноември

Форум на граѓанското општество во Македонија

И годинава, во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка, Фондацијата Институт отворено општество - Македонија и Институтот за трајни заедници, во Скопје ќе се одржи НВО саем - форум на граѓанското општество во Македонија. Оваа манифестација се одржува оп трет пат, а годинава ќе биде лоцирана на Скопското сајмиште. Тој ќе содржи изложбен дел, форумскидел, едукативни и социо-културни настани.

25 ноември

Против насилството врз жената

Меѓународниот ден на акции против насилството врз жената, 25 ноември, е ден кога започнува шестмесечната кампања насочена кон намалување на овој вид насилство, распространет пред се’ во сиромашните и помалку развиените држави. Во кампањата се вклучуваат многу женски организации, кои организираат протести, трибини или спроведуваат проекти со цел намалување на насилството врз жената, остварување нејзина поголема еманципација, едукација и подигнување на јавната свест.

27 ноември

Денес не купувајте ништо!

Овој ден е прогласен за Ден на воздржување од купувањето (Buy nothing Day). Започна во САД и некои држави од Европа, но набргу се прошири како популарна акција на следбениците на „зеленото“ движење. Идејата на воздржување од купувањето е на симболичен начин да се манифестираат стремежите од заштита на животната средина, намалување на отпадот, намалување на загадувањето од фабриките, и конечно, преминот од потрошувачко општество, во општество свесно и одговорно за средината, кое го застапува принципот на одржлив развој.

 

©MCMS - designed by KOMA