Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Животна средина

   

НАСТАНИ
   ЖИВОТНА СРЕДИНА
 


ДВИЖЕЊЕ НА ЕКОЛОГИСТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

Формиран Еколошки кризен центар

Движењето на екологистите на Македонија деновиве го промовира Еколошкиот кризен центар, формиран во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија. Со овој центар, ДЕМ се вклучува во акцијата за евидентирање, анализирање, информирање и решавање на потенцијалните еколошки проблеми и последици и штети кои врз животната средина и природното и културното наследство на нашата држава ги предизвикаа воените судири.

Како што претседателот на ДЕМ, г. Тони Јовановски изјави на прес-конференцијата свикана по овој повод, Еколошкиот кризен центар ќе биде сервис за јавноста, а ќе остварува тесна соработка со Канцеларијата за комуникација со јавноста при Министерството.
- Идејата и поттикот за формирање на Центарот ги пронајдовме во Архуската конвенција и тој ќе значи имплементирање на дел од нејзините одредби во практика - рече г. Јовановски.
Г. Перо Стојчевски, координатор на Еколошкиот кризен центар, појасни дека ќе се работи со помош на локалните координатори кои во моментов ги има во Тетово и во Куманово. Информациите кои тие ќе ги селектираат ќе бидат внесени во база на податоци, која се формира во Канцеларијата за комуникација со јавноста, а ќе биде креирана и веб-страница на Центарот. Планирано е претставници на Еколошкиот кризен центар да учествуваат и во странските набљудувачки мисии, пред си на ОБСЕ. Формирано е и координативно тело, во кое членуваат претставници од неколку министерства, институции и невладини организации, а се планира и формирање  експертски тим во фазата на пост - конфликтна состојба кој ќе врши стручна проценка на штетите на животната средина.
М.Иванова

 


 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 08 Септември 2001
Број 08 Септември 2001
Вовед
Настани
Погледи
Форум
Претставување
Донатори
Публикации
Избор
Календар
 

©MCMS - designed by KOMA