ИНИЦИЈАТИВА НА НЕКОЛКУ ИЗДАВАЧКИ КУЌИ
Секој си има книга дома
Веб-страницата www.kniga.com.mk, под мотото „Секој си има книга дома“, е убав (и прв) обид за популаризација, промоција и подобар пристап до информациите за книгата и издавачката активност во Македонија по електронски пат.
Веб-страницата ја изготвуваат неколку издавачки куќи од Скопје, а на неа можат да се најдат повеќе наслови, да се пребарува по теми и области, а има и посебен линк во кој се нудат најнови вести од оваа сфера.
|