|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Босна и Херцеговина
Истражување за улогата на НВО во предизборниот периодВо втората половина на ноември, 2006 година, Агенцијата за локални развојни иницијативи, поради потребата од идентификација на перцепцијата на граѓаните за активностите на граѓанското општество во процесот на креирање на јавните политики, спроведе истражување на јавното мислење за „Резултатите на активностите на граѓанските движења формирани во претходниот период од перспективата на граѓаните”.
|  |
Хрватска
Сузбивање на политичката корупцијаТранспаренси интернационал Хрватска реагираше по повод предлог-законот за финансирање на политичките партии, кој пред извесно време влезе во собраниска процедура. Во ТИХ сметаат дека законот претставува голем чекор во создавање правна рамка за сузбивање на корупцијата, но дека постоечкиот нацрт има огромен недостаток: нерегулирање на финансирањето на изборните реклами.
|  |
Коментар
Соработка и конфронтацијаВо моментот кога овој број Граѓански свет ќе биде во рацете на читателите, Македонија ќе има Стратегија за односите со граѓанскиот сектор 2007-2011. Ова стратегија треба да ја донесе Владата на седницата на 26 декември 2006 година. Со тоа граѓанското општество во Македонија ќе добие највпечатлива владина посветеност на граѓанскиот сектор во историјата. |  |
Искуствата од Унгарија и од Данска
КАКО СОРАБОТУВА ВЛАДАТА СО ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОРДодека финишираат работите на владината Стратегија за соработка со граѓанскиот сектор, претставници на Работната група на проектот “Техничка поддршка на Одделението за граѓанско општество во Владата на Република Македонија”, во периодот од 21 до 26 ноември и од 2 до 10 декември 2006 година, беа дел од две студиски посети во Будимпешта, Унгарија и во Копенхаген, Данска. |  |
ООН – Меѓународна стратегија за намалување на штетите од катастрофи
Да не се повтори божиќното цунами од 2004Катастрофата којашто ја предизвикаа брановите цунами во Индискиот Океан на 26 декември 2004 година, и оваа година ќе биде меморијално одбележена во многу земји во светот. Катастрофата поттикна низа акции во кои голем придонес дадоа граѓанските организации – почнувајќи од големите, како Црвениот крст и Црвената полумесечина, па с$ до помалите, локални и меѓународни. |  |
концепти
ПОЗНАВАЊЕ И СТАВОВИ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИГраѓански свет во бројот 64 ја започна презентацијата на делови од публикацијата Довербата, одговорноста за општествените прашања и добротворството во Македонија што ја издаде Македонскиот центар за меѓународна соработка. Публикацијата е всушност извештај направен на основа на две анкети и резултати од четири фокус групи. Анкетите и фокус групите ги спроведе Институтот за социолошки и политичко правни истражувања. Публикацијата во пдф формат е достапна на www.mcms.org.mk. |  |
Избор
Светскиот фонд за дива природа алармира Ја јадеме ЗемјатаКрајно време е да донесеме решенија од животна важност, кои ќе ни овозможат да продолжиме да уживаме во нашиот живот на Земјата. Треба да го спречиме одот кон пропаста. Треба да сфатиме дека со неразумното искористување, на идните поколенија ќе им оставиме една земја на која едвај ќе преживуваат |  |
Анкета
Граѓанскиот сектор не гледа на јавноста како на потенцијален извор на финансииСедумдесет отсто од граѓаните на Македонија донирале барем еднаш за потребите на заедницата, најчесто како помош за поединци, а дека македонската сиромаштија не е пречка за македонската филантропија, покажува и податокот според којшто само 42 отсто од анкетираните го наведуваат недостатокот на финансии како причина за недонирање во хуманитарни цели. |  |
интервју: Исмаил Бојда, претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија
ГОРАНИТЕ НЕ СЕ ПОСЕБЕН ЕТНОС, ТИЕ СЕ МАКЕДОНЦИ СО ИСЛАМСКА РЕЛИГИЈАВо почетокот на ноември Сојузот на Македонците со исламска религија поднесе до Владата иницијатива за донесување декларација за положбата и правата на Македонците од областа Гора. Ова беше повод да поразговараме со г. Исмаил Бојда, претседател на Сојузот |  |
претставување
Актив на жените Ромки “Преродба” - КичевоАктивот на жените Ромки „Преродба” од Кичево е граѓанска организација формирана во 2002 година, од група жени и млади Роми, која работи на вклучување на поголем број млади Роми во граѓанскиот сектор. Работи на давање помош на жени и деца во разрешување на постоечките проблеми, на унапредување на здравјето и животната средина, на подигање на степенот на образованието, како и на намалување на малолетничките бракови. |  |
погледи: Гоце Стојановски
ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР ЧЕКОР НАПРЕД ПРЕД ВЛАСТА И ПОЛИТИКАТАМногу граѓански организации од земјата се стекнаа со меѓународен рајтинг и реноме кои треба и понатаму да се унапредуваат, а не заради субјективни слабости да се ослабнуваат нивните позици на меѓународен план, а со тоа, и Македонија да губи |  |
Атрактивниот базар на ракотворби во Чифте-амам
Моќта на креативноста ја исполни старата бањаВо Чифте-амам, во Старата скопска чаршија, 65 ракотворци од земјава, организирани од страна на Македонската трговска артисанска организација – МАТА, од 8 до 10 декември ги продаваа своите производи на веќе традиционалниот базар на ракотворби. Базарот го поддржаа неколку приватни фирми, но и Градот Скопје и УНХЦР, а на преполните тезги се продаваа прекрасни, впечатливи и вредни парчиња филигран, |  |
Прва Балканска конференција за машинските кругови
НОВ ПОЧЕТОК ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОД БАЛКАНОТНа Првата Балканска конференција за машински кругови што се одржа на 19 и 20 октомври 2006 година во Пробиштип се собраа експерти од земјите на Западен Балкан и ги поделија своите искуства. На конференцијата присуствуваа претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на Проектот за поддршка на фармерските асоцијации на Република Македонија (СФАРМ), на ИФАД 2, на ГТЗ-МАФП, како и претставници на машинските кругови од Словенија, од Хрватска, од Босна и Херцеговина, од Србија и од Унгарија.
|  |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|