|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
|
|
Донатори: УНДП (ПРОГРАМА ЗА МЕЃУНАРОДЕН РАЗВОЈ НА ООН)
Поддршка на локалната власт и животната средина, борба против СИДА-та и сиромаштијата
УНДП Македонија е дел од глобалната мрежа за развој на организацијата на обединети нации, која работи на позитивни промени и поврзување на земјите преку знењето, искуството и ресурсите, кои ќе им помогнат на луѓето да изградат подобар живот.
УНДП & помага на земјата да изнајде сопствени решенија за националните и глобалните предизвици на развојот.
Сегашните програмски активности на УНДП во Македонија се базираат на втората рамка за соработка (Цоунтрѕ Цооператион Нетњорк - ЦЦФ) за 201-2003 година и се фокусираат на две главни области: локална власт и животна средина.
Во согласност со своите зеднички цели, УНДП е исто така активна и на полето на намалување на сиромаштијата и ХИВ/СИДАта.
Локална власт и развој на општините
УНДП ги зближува луѓето, градејќи партнерства и пронаоѓајќи начини за промовирање учеството, одговорноста и ефективноста на сите нивоа.
Со цел да го поддржи развојот на Владата пред да го реформира системот на локалната власт, УНДП во соработка со други донатори дава совети, како и поддршка на процесот на децентрализација и зајакнување на општините во Македонија. Фокусот е ставен на инволвирање на граѓаните во процесот на одлучување, особено за поставување на приоритети за локален развој. Во фокус на интересот на УНДП во оваа област е Програмата за развој на општините, со мултидисциплинарен пристап на локално, како и национално ниво.
УНДП помага во напорите на владата за зголемување на комјутерската писменост на населението, нудејќи пристап до компјутери, обука и можност за користење на информативната технологија како средство за егзистенција.
Животна средина
Поддршката на УНДП на секторот на животна средина во Македонија се фокусира на две области: зајакнување на политичката рамка за управување со животната средина и одржлив развој и обезбедување поддршка за имплементација на приоритетните политички цели на локално ниво. УНДП работи и на обезбедување помош на владата за исполнување на обврските кои произлегуваат од меѓународните конвенции.
Намалување на сиромаштијата
Преку поддршка на мали иновативни пилот-проекти, УНДП во Македонија ги зближува владата, граѓанските организации и донаторите за координирање на нивните напори, и го охрабрува пристапот на ранливите групи до можностите за генерирање приходи. УНДП изготви детална програмска рамка за проекти за вработување од страна на општините.
ХИВ/СИДА
Интервенциите на УНДП на полето на ХИВ/СИДА имаат цел да ги зајакнат капацитетите на институциите за планирање и имплементација на мултисекторните стратегии за стопирање на ширењето на ХИВ/СИДА и да го ублажат нејзиното општествено и економско влијание.
Итни активности: Одговор на УНДП на политичката и безбедносната криза во Македонија
Освен редовните програмски активности, УНДП, во соработка со Владата на РМ, изготви различни итни програми со цел ефикасно да одговори на влијанието на конфликтот врз локалното население. Со цел зголемување на капацитетот на општествените структури во општините за обнова и помирување и обезбедување врски со подолгорочните развојни програми, УНДП поддржува неколку проекти во заедниците.
|
|
|