АПЕЛ НА СРПСКИТЕ НВО
Доста криминал и насилство
Шокирани и длабоко ожалостени од убиството на срспкиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, жртва на политичкото подземје, ја испраќаме следната порака до Владата на Србија: Целосно ги поддржуваме Вашите напори да продолжите по патот кон демократијата и кон европска Србија, ослободена од теророт на блиското минато, од насилството и криминалот. Ја подржуваме Вашата резолуција да се борите со криминалот, да го воспоставите владеењето на правдата и да загарантирате мир, слобода и безбедност во целата наша држава. Шефовите на криминалните банди и политичките екстремисти сонуваат за враќање на диктатурата. Ним им велиме: повеќемина сме ние, кои знаеме дека демократијата нема алтернатива, и нема да ви дозволиме да не турнете назад во мрак и очајание. Ќе продожиме без колебање по патот на демократијата и реформите во Србија, патот послан и персонифициран од Др. Зоран Ѓинѓиќ. Доста криминал и насилство!
Жените во црно, Форум за етнички односи, Совет на правници за човекови права, Движење за граѓански отпор, Хуманитарен правен центар, Урбан-ин, Центар за културна деконтаминација, Цивилни иницијативи, Здружение на независни електронски медиуми, Група 484, Центар за развој на непрофитниот сектор, Центар за демократски фонд, Центар за регионализам и дијалог, Иницијатива Топлица
|