|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Погледи: Дарко Алексов
Еден човек еден глас – дали само едукација е доволна
Албанска верзија
Кога зборуваме за правото на глас на граѓанинот, мислиме на уставно загарантирано право. Процес кога секој гласач излегува на гласачкото место и, по сопствена волја и убедување, гласа, односно му дава поддршка на еден од предложените кандидати, за да извршува одредена функција. При тоа, може да избере да не се определи за ниеден од нив. Секако, по сопствено убедување граѓанинот може и да не се појави на гласачкото место и да не го искористи својот глас.
Предложените ситуации се сосема прифатливи, с$ додека на некој друг граѓанин не му падне на памет да го искористи моментот, па во име на другиот, или другите, да гласа. И ако таа појава е прифатлива во средината и се смета за сосема нормална, тогаш тоа е навистина загрижувачки фактор. Најмногу погодува помислата дека дури и тие што треба да ги спречат ваквите постапки, што прокламираат демократија и ги убедуваат граѓаните да излезат на гласање, овие појави ги одобрувааат и ги сметаат за сосема нормални.
За илустрација само ќе потсетам на примерот на гласач кој со пет лични карти гласа за пет свои “роднини”, му се поклонува на висок претставник од меѓународната заедница и заминува од местото. Логичниот заклучок, којшто би следел од овој пример, е дека тој е убеден дека добро постапил. Да ја споменам и изјавата на претседател на политичка партија во која тој кажува дека сосема нормална и традиционална е појавата еден член да гласа за сите во семејството. Може ли во вакви околности воопшто да зборуваме за правилото еден човек-еден глас?
Пред с$, потребно е да се соочиме со фактот дека имаме проблем, и тој длабоко ни ги поткопува амбициите да се прикажеме во светло на демократска држава во која владее правото и законите. Потоа, треба да се зафатиме со решавање на истиот.
Решението на овој, мора да забележам ни малку наивен проблем, треба да биде збир од резултати на повеќе комплексни активности. Неопходна е широка дебата на оваа тема, следена, секако, од конкретни понатамошни чекори. Околностите повеќе не дозволуваат само носење заклучоци. Истите треба и да се имплементираат, а за тоа е потребен посеопфатен ангажман на засегнатите страни. Едукацијата на граѓаните, во директен контакт со нив, претставува фундамент во насока на решавање на овој проблем. Активното вклучување на граѓаните во изборите, не само како гласачи, туку како дел од еден процес, кој всушност претставува база на која треба да се надоградува демократијата, е повеќе од потребно. А за улогата на политичката волја во надминувањето на ваквата состојба, веројатно не треба ни да се зборува. Но, прашањето коешто ќе остане неодговорено е: како да се промени размислувањето?
Не е возможно “ние” и “другите” да имаме различни аршини, односно различно да гледаме на работите, а притоа “ние” секогаш да бидеме во право. Па белки и “другите” знаат понешто и нема да биде лошо ако понекогаш и ги послушаме. За наше добро.
(авторот е претседател на Граѓанската асоцијација МОСТ)
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|