7-9 март
Хуманитарно скијање
Во организација на Ски центарот „Заре Лазаревски“ и Скијачкиот сојуз на Македонија во Маврово ќе се одржи првата аматерска хумана велеслаломска трка. Претпријатијата, невладините организации, како и граѓаните, можат да оформат тричлени натпреварувачки групи, со котизација од 300 евра. Собраните средства ќе бидат доделени на Домот за децата без родители „11 Октомври“ од Скопје.
|