Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 18 Јули 2002  Q&A

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News

Q&A

Глобална хуманитарна организација

Поплавите што ја зафатија Европа беа причина да ги запрашаме претставниците на Меѓународната организација на Црвениот крст - Која е улогата на оваа организација во случаи на елементарни непогоди?

Македонскиот Црвен крст има посебно одделние - Програма за подготвеност и дејствување при катастрофи. Програмата ја раководи професионално вработено лице, Совет (седум волонтери) и Центар за подготвеност и дејствување при катастрофи. Црвениот крст располага со материјални, технички и човечки потенцијали за справување со катастрофи до одредено ниво (возила, магацини, едуцирани лица/професионалци/волонтери, комуникациска опрема и др.).

Целокупната активност се организира во соработка со Делегацијата на Меѓународната федерација на Црвениот крст (ИФРЦ) и Меѓународниот Комитет на Црвениот крст (ИЦРЦ).

Постојат тимови кои прават проценка на настанатата состојба преку Општинските организации на Црвениот крст и целокупниот извештај се доставува до Центарот. Од оттука, активностите се коориднираат во зависност од обемот и проценката за настанатата штета или потребата од хуманитарна помош (пакети со храна, хигиена, душеци, ќебиња, вода, прва медицинска помош, логистика, помош при евакуација, сместување, психосоцијална поддршка, специјализирани тимови за спасување), со делегации на ИФРЦ и ИЦРЦ во Скопје и регионалната делегација на ИФРЦ во Будимпешта.

Целокупната преземена активност е во тесна соработка со ресорните министерства одговорни за оваа проблематика.

Активностите кои се превземаат можат да бидат помогнати доколку се процени истото и од други национални друштва на Црвениот крст кои имаат искусни експертски тимови за одредена проблематика.

Финансиската поддршка се организира преку донаторски конференции (фондови за итни интервенции) во Будимпешта/Женева ИФРЦ.

Меѓународна федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина е најголема светска хуманитарна организација којашто дава помош, без разлика на националноста, на расата, на верата, на класните или политичките определби. Мисијата на Меѓународната федерација е да го подобри животот на ранливите групи луѓе со придвижувањето на моќта на хуманоста.

Основана во 1919 год., Меѓународната федерација брои вкупно 178 членки на Црвениот крст и на Црвената полумесечина - со дополнителен број во основањето - секретаријат во Женева и канцеларии на стратешки локации за поддршка на активностите низ светот. Црвената полумесечина се користи наместо Црвениот крст во многу исламски земји.

Меѓународната федерација ја координира и ја управува меѓународната помош за жртвите од природни катастрофи или од технолошки катастрофи фактор. Таа ги комбинира своите активности за помош со работата за развој и за јакнење на капацитетите на националните друштва и со тоа капацитетот на сите луѓе поединечно.

Преку програмите за помош се врши регистрација на лицата, сместувања на лицата, дистрибуција на храна, хигиенски пакети, бебешки пакети, душеци, ќебиња, кујнски сетови, облека - донација од други национални друштва.

Во рамките на Националното друштво подготвеноста и делувањето при катастрофи се систематски и се одвиваат низ неколку фази:

- Регионални тимови за дејствување и за проценка на катастрофи:
- Системи за инфоменаџмент;
- Обука на тимови и на населението;
- Видови катастрофи и начини на справување со нив;
- Логистика;
- Проценка на терен зафатен со катастрофи и координација на тимовите.


Сузана Пауновска
(Црвен крст на Македонија)

 

©MCMS - designed by KOMA