Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Претставување

   

ПРОАКТИВА

Промоција на учеството на јавноста

Проактива е невладина и непрофитна организација, основана во март 2001 година и деновиве ја прослави годишнината од своето постоење. Идејата за основање на оваа организација произлезе од фактот што во Македонија постои голема потреба од учество на јавноста во донесувањето одлуки, посебно во активностите на меѓународните финансиски институции (МФИ) чии проекти и инвестиции имаат големо влијание врз економијата и врз животната средина.

Македонија располага со огромни природни потенцијали. Затоа Проактива смета дека истите можат да се искористат за производство на обновлива енергија, како што и е во западните земји. Освен тоа, Проактива работи на полето на ефикасно искористување и штедење на енергијата во домаќинството.

Оваа организација пред себе има повеќе цели: мониторинг на меѓународните финансиски институции; промовирање обновлива енергија; промовирање енергетска ефикасност и промовирање одржлив развој.
Основните цели на Организација се спроведуваат преку реализација на планираните активности, како што се организирање јавни кампањи, изработка и дистрибуција на печатен материјал, лобирање кај носителите на одлуки, организирање семинари и состаноци, дистрибуција на информации до НВО и други заинтересирани групи, спроведување истражувања и едукација на јавноста за можноста за јавно учество.
Во досегашното едногодишно постоење, Проактива беше активна со неколку свои програми. Така, преку активностите на ЦЕЕ Банкњатцх Нетњорк во Македонија, започнати од основањето на Проактива, се врши набљудување на работата и активностите на меѓународните финансиски инстутуции во Македонија.
Македонски енергетски бригади е двегодишна програма која се однесува на полето на енергија и која е започната од јануари, 2002 г. Преку оваа програма се врши изолација на прозорите и на вратите на јавните институции (училишта, градинки и сл.), со што се придонесува кон заштедата на енергијата од 20 до 30 проценти.

Значаен е проектот на Проактива „Право на учество”, којшто опфаќаше организирање семинар за обука на активисти од НВО за работа со МФИ и средби со претставници од овие институции. Периодот на реализација на овој проект беше од почетокот на мај минатата година до крајот на месец март, годинава.
Проактива е членка на две меѓународни мрежи на НВО - ЦЕЕ Банкњатцх Нетњорк, најголемата мрежа на невладини организации од Централна и Источна Европа која работи на мониторинг на меѓународните финансиски институции и нивните активности, и Меѓународните енергетски бригади (Интернатионал Енергѕ Бригадес), најголемата мрежа на невладини организации во Средна и Источна Европа која работи на проблематиката на енергија. Проактива активно соработува со неколку меѓународни организации и фондации, како што се Милиеуконтакт Оост-Еуропа и Ботх Ендс од Холандија, ИИЕЦ од Англија, ЦЕЕ Банкњатцх Нетњорк, ДФИД и Фондацијата Институт отвотено општество Македонија.


Д.М.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 14 Март 2002
Број 14 Март 2002
Вовед
Тема
Настани
Календар
Публикации
Интервју
Погледи
Q&A
Појмовник
Форум
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA