МЕЃУНАРОДЕН ДЕТСКИ КАМП
Мир и љубов за децата
Во одморалиштето „Младост”, во Охрид летово се одржа отворен меѓународен детски камп под мотото „Мир и љубов за децата, во организација на Детскиот парламент на Македонија.
На меѓународниот детски камп учествуваа 180 деца до 18-годишна возраст од Македонија, од Бугарија, од Турција, од Грција и од Романија. Меѓу нив беа и деца заболени од церебрална парализа и деца од социјално загрозени семејства, кои имаа бесплатен престој.
Децата имаа повеќе активности: литературни работилници, изработка на фолклорни предмети, семинари и спортски активности. По завршувањето на кампот, децата ги посетија и другите градови во Македонија.
С. Кукунешоски
|