Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Култура

   

Четврта министерска конференција за здравје и животна средина 

Децата најголеми жртви на загадувањето на животната средина

Децата под пет години се само 10% од свет­ската популација, но и 40% од вкупниот број жртви од загадувањето на животната средина, предупредува Свет­ската здравствена организација (СЗО) во својот најнов извештај, по обе­лоденување на податокот де­ка над 100.000 деца во Европа го­дишно умираат поради загаденост на воздухот и водата, но и поради повреди.  СЗО  во јуни организира министерска конференција за здравје и животна средина во Будимпешта, на која учествуваа министри од 50 европски држави, под мотото “За подобра иднина на нашите деца”. Инаку, според извештајот на Светската здравствена организација, Македонија не е ниту во најзагрозените, но не е ниту во редот на најбезбедните земји кога станува збор за загаденоста на животната средина и последиците од еколошките катастрофи.

Паралелно со министерската конферен­ција, невладините организации од по­веќе европски држави одржаа “Пла­не­тарен форум за здравје” на кој со  многубројни трибини што се однесуваа на загадувањето на водата и возду­хот, недозволените хемикалии во коз­метичките производи и социјалните услови во коишто растат најмладите. Граѓанскиот сектор  уште еднаш ги предупреди владите на европските зем­ји дека не е доволно само декларативно изјаснување за подобрување на жи­­вот­­ната средина, туку и преземање конкретни чекори. Министрите ја пот­пи­шаа Декларацијата и Акцискиот план за детско здравје и заштита на животна средина во Европа, со што се обврзуваат до 2007 година да ги изработат националните акциски планови за здравје и екологија. Македонската делегација ја предводеше министерот за животна средина и просторно планирање, Љубомир Јанев.

Во рамките на конференцијата, СЗО го промовира и првиот атлас за влијанието на животната средина на здравјето на децата. Поразителен е фактот дека во третиот милениум речиси 2,4 милијарди луѓе во светот немаат пристап до чиста вода, а недозволеното присуство на оловото во средината која не оп­кружува предизвикува тешки последици по менталниот и физичкиот развој на најмладите. Поради живеење во несоодветни хигиенски услови, многу деца низ светот умираат од маларија и стомачни инфекции. Нере­шените економски прашања во многу држави при­донесоа во нај­сиромашните земји децата да бидат евтина работна сила, без право да се образуваат и да израснат во здрави луѓе.     

                                       М.К.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA