|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Шелтер центар
Програма за женски економски развој
Обука на маргинализирани женски групи за стекнување стручни квалификации
Шелтер центарот кој од 2001 година континуирано практично работи со жени и деца жртви на насилство, констатираше дека економската зависност од партнерот, е една од најчестите причини што ја врзува жената во домот каде трпи насилство. Слабата економија и високата стапка на сиромаштија во нашата земја, неможноста себеси и на своите деца да им обезбедат основна животна егзистенција, игнорантноста од страна на државата и непостоењето на програми за помош, се главните причини поради кои тие се контролирани, манипулирани и принудени да останат во насилни односи.
“Битен дел од програмата на Шелтер центарот претставува статистиката во однос на целната група, во која се обработени податоци кои нудат јасна слика за бројот на жртвите, возрасната структура, националната припадност, образованието, видовите насилство, проблемите, потребите и други параметри. Според нив во периодот од 2001-2003 година, од вкупниот број згрижени жени во Центарот 23% биле со основно образование, 55% со средно, 14% со високо и 8% жени без образование. Во однос на решавањето на проблемите, најтешка била ситуацијата на жените без образование, а паралелно на тоа и нивниот економски статус бил во голема мера загрозен. Просечната возрасна структура на згрижените жени е 30-40 години, а нивната амбиција за дополнително образование е минимална. Реалните можности за вработување им биле сведени на чистење станови, канцеларии, перење или пеглање. Од анкетата спроведена во Центарот, добивме податоци според кои, жените имаат желба и амбиција да бидат едуцирани за одредени работни вештини, односно за шиење, козметика, фризерство. Тоа се вештини кои релативно брзо можат да бидат совладани и тие имаат реална можност, стекнатата вештина да ја искористат во потрага по вработување” - посочува Даниела Дабеска од Шелтер центарот.
Добиените резултати се мотивот за креирање на Програма за женски економски развој - обука за шиење на машини за текстилна конфекција, која ќе биде одговор на суштинските потреби и проблеми. Програмата започна со реализација во септември 2003 година, а е планирано да трае до 2005 година. Таа се реализира со поддршка од градот Нирнберг, Амбасадата на СР Германија во Македонија, Единицата за хуманитарна помош при Швајцарската амбасада, МРФП и ФИООМ. Во проектот се содржани: циклус обуки наменети за маргинализираните женски групи, односно за жените жртви на насилство, а од овој проект имаат можност да бенефицираат и жените со низок социјален статус, самохраните мајки и жените од руралните средини. Негова основна цел е да понуди услови, преку кои целната група ќе има можност да се обучи и да се стекне со стручна квалификација со која жените ќе имаат можност да конкурираат на пазарот на трудот.
Д.М.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|