|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Младинска културна асоцијација, Прилеп
Деценија посветена на младите
Младинската културна асоцијација (МКА) од Прилеп е неполитичка, невладина и непрофитна организација на млади почитувачи на културата, која активно дејствува уште од 1997 година. Нејзината мисија е културно ангажирање и анимација на младите од градот, одржување на културната традиција и подигнување на културата на живеење воопшто, со визија да прераснат во регионален промотор на европските културни вредности.
Во изминатите десет години, асоцијацијата организираше и спроведуваше едукативни проекти, трибини и предавања, театарски претстави, музички, забавни и спортски манифестации, литературни средби, екоакции, промоција на европски вредности. Кај нејзините членови, кои се високообразовани млади луѓе, студенти и средношколци, подготвени за предизвиците на современиот живот и примена на европските културни вредности во нашата средина, постои ентузијазам и желба за работа на полето на културниот напредок.
Тие соработуваат и комуницираат со поединци и институции на локално и национално ниво, кои се заинтересирани за потребите на младите.
Изминативе десет години, МКА, дејствуваше во насока на развој на граѓанското опшество низ интерактивна соработка со поединци и институции од граѓанскиот сектор, бизнис-секторот, медиумите и од локалните и националните власти. Активно учествуваше во изработката на Локалниот еколошки акционен план (ЛЕАП) и донесувањето на Младинскиот локален акционен план (МЛАП), како и отворањето на советувалиште за ХИВ/СИДА во ЗЗЗ Прилеп. Во изминатиот период, членовите ги реализираа тетарските претстави „Пепелашка”, „Трнорушка”, „Јованче и Марика”, „Волшебното кавалче”, потоа Националниот младински поетски фестивал, каравани и летни културно-забавни манифестации. Во спроведувањето на проектите „Гледај зад себе”, „За нашето здравје - да учиме”, „ Стоп за болестите на зависност”, „ Младите сами за себе”, третирале теми од областа на екологијата, грижата за здравјето на младите, креирање на младински политики, сузбивање на болестите на зависност меѓу младите.
Во овој период работат на подготовка на проектот „За здрава младина”, која ќе анимира и едуцира 120 средношколци од Прилеп и Крушево.
Г.Шабани
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|