Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Форум

   

ФОРУМ 
 

ТЕМА ЗА ДЕБАТА 

Како влијаат последиците од војната врз нашата работа?

Граѓанските здруженија, како и секој во нашата држава, се погодени од кризата што се случува во нашата држава. Како влијае војната врз работата на здруженијата на граѓани? Како тие се мобилизираат и преструктуираат? Со какви проблеми се соочуваат при реализацијата на редовните активности, и какви нови активности преземаат?

Ве повикуваме да размислувате на оваа тема која е мошне актуелна во граѓанскиот сектор во Македонија.
„Граѓански свет” ве поканува да ги изнесете своите мислења, ставови и искуства во текот на овој месец на Форумот отворен на нашите веб-страници (www.graganskisvet.org.mk и www.civicworld.org.mk). Ве молиме во дебатата да учествувате со своето полно име и презиме!
Во наредниот број на „Граѓански свет ќе објавиме делови од таа интернет-дебата и ќе ја најавиме темата за наредната. За почеток ви претставуваме мислења на оваа тема на неколку лица активни во граѓанскиот сектор:
 Ким Мехмети:  Сета наша работа е поместена, во државно рамниште. Да зборувате во услови на војна за граѓанско општество, е како да зборувате за апсурден театар. Но, сепак,  во секое време секој треба да си ја работи својата работа.
И во нашата организација (Центар за мултикултурно разбирање и соработка) си е поместено. Ние работиме на развој на мултукултурата, на соработката, а со оваа војна се виде дека сето тоа е во зачеток. Мултикултурата и соработката се како шлаг на торта, но ако ја немате тортата, апсурдно е да зборувате за шлагот.
 Савка Тодоровска:  Војната и последиците од неа влијаат неминовно врз сите, па и врз работата на невладините организации. Ние во СОЖМ со сите свои сили се трудиме да постигнеме си - и да не ги запоставиме редовните активности од нашата програма, но имаме и нови активности, во согласност со ситуацијата.
Работиме максимално мобилно, со цел да &  помогнеме на жената-бегалка и на нејзиното семејство. Ги следиме потребите на жените, организираме хуманитарна помош, даваме информации... Кризниот информативен центар на СОЖМ (тел. 220-570) работи нон-стоп, а многу од жените-бегалки и самите се ангажираат во нашата работа и стануваат наши активистки.


 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 07 Август 2001
Број 07 Август 2001
Вовед
Настани
Публикации
Календар
Форум
Погледи
Представување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA