Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 01 Февруари 2001  Погледи

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News

Ѓунер Исмаил

Ќе се сретнеме ли?

Според (пра)старите разбирања на суштината на граѓанското општество, тоа беше општество во коешто виталноста на неговите функции се обезбедуваше преку изградените механизми на политичка и само политичка артикулација на желбите/волјата на граѓанинот.

Целиот тој механизам подразбираше еден концепт на индивидуалност, право на избирање и бирање, мрежа на институции-најчесто разбрани како апарат на државата и евентуално, делегиран претставувачки суверенитет кај суверенот (парламент, или пак парламентарно диригиран монарх, претседател и сл.). Во рамките на ова разбирање на нештата, таму некаде на рабовите на општеството стоеше јавноста, во најголемиот број случаи, инструментализирана на ниво на асистент на доминантните политички струи, или пак во најдобар случај "во функција на државниот интерес"! За останати можни форми на артикулирање на волја, потреби, желби, не би можело да станува збор, или пак во најдобар случај, сето тоа се состоело во трошење на таканаречено слободно време, значи хоби-активнисти, поддршка на врховната филантропија (под закрила на соодветна црквена структура), а во најлошите случаи конспиративно организирање, кое вообичаено водело кон таканаречен ослободителски манир, разни облици на револуционерност-радикализам и сл.
Но, со оглед на историско-технолошките околности, граѓанското општество, со сите негови робусности, сепак, како вкупен процес на развиток на цивилизацијата, обезбедило реален опстанок и што е најважно, реалена подлога за пополнување на празнините кои се очигледни, а како такви, во секојдневието на граѓанинот, него го сведувале на прокламирана, а не на реална индивидуа, а во најдобар случај на политизиран граѓанин-гласач на избори.
Кога читаме некои сеќавања за тие времиња (од средината на 19-тиот, до средината на 20-тиот век) фасцинира наивноста на луѓето во однос на тоа како тие го разбираат социјалниот ангажман, нивната упростена слика на општеството, нивниот систем на вредности, нивниот концепт на слободата на поединецот! Тоа е сплет на некакви религиски морални норми, неколку фрази за патриотизмот спрема нивната држава, почитување на законите, институциите. И толку!
Се рабира, од средината на 20-тиот век работите започнуваат да добиваат и поинакви размери. Во опкружување на висококомпромитирани политички структури, од ракурсот на граѓанинот видливи само во (пред)изборните случувања, поединецот, граѓанинот, доживува просветлувања од различен карактер. Воспитувани во духот на индивидуализмот, поткрепени од високата критичност на соодветните цркви (црквите, сепак, во крајна линија, се сојузници на поединецот), засилени од советите (информациите) на ослободената јавност - медиумите, граѓаните започнуваат да ги идентификуваат таканаречените поединечни, за политиката преситни и непрофитабилни интереси, а за нивниот секојдневен живот - локално, многу важни! Тука некаде би можел да се лоцира моментот на реалното излегување на граѓанинот од рамките на неговиот дом, не на улица, туку на политичката сцена, не со нихилизам спрема таканаречената класична политика, туку со нова поинаква реторика, со поинакви организациски форми, со поинаква, реална искреност во социјалниот ангажман и со инсистирање на промтно решавање на тегобностите на секојдневието. Локалниот аспект во голем број случаи (екологија, права и слободи на граѓанинот, "страничен надзор над државниот апарат", заштита на маргинализираните поединци-групи, секојдневна, а не само празнична-пригодна филантропија итн.), набргу ги надминува таканаречените локални рамки и станува дел од општиот, глобален процес на излегување на граѓанинот на политичката сцена.
Тоа е скицата за биографијата на неговата светост - граѓанинот, прочитана под директна инспирација на еден од корифеите на граѓанскиот индивидуализам - ТОРО!!
Останува да си одговориме НИЕ, тука и сега?
Дали кога сме во сферата на овој, вака, на ваков начин дефиниран, конципиран граѓанин, сме само на "привремена работа" во светот на ослободените, чекајќи на ред во чекалната за влез во одаите на сатанизираната политика, или пак, без нихилизам кон неа (политиката) си ја гледаме работата (го негуваме граѓанското општество), а на политиката секојдневно и велиме: Ние сме ТУКА! Внимавајте што правите!

 

©MCMS - designed by KOMA