Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Тема

   

ВЕЛЕС: ЕДНА ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Битка за иднината на градот

Граѓанската акција за животната средина во Велес трае над 15 години, а нејзината успешност ќе биде одговор на прашањата - дали развојот на демократијата кај нас достигна степен кога зборот го имаат граѓаните; кога граѓанскиот интерес е над профитниот; кога граѓаните остваруваат дијалог и соработка со бизнис-секторот и со владините органи; кога свеста за здрава животна средина кај државните и стопанските субјекти е на нивото кое го бара процесот на асоцијација во ЕУ...

Маријана Иванова

“Топилницата за олово и цинк во Велес, односно денешен Инвестас, е основана во 1973 година. Оттогаш, таа е најголем загадувач во Велес, но и во Македонија. УНЕП (Програмата за животна средина на ООН– н.з.) во својата постконфликтна оценка на животната средина (2000, по нападот врз СР Југославија, н.з.), Топилницата ја вбројува во една од петте жешки еколошки точки на РМ, и ја посочува како место каде итно треба да се посвети внимание да запре опасноста за здравјето на луѓето и природната средина…
…Според извештајот на УНЕП, Топилницата  емитува големи количества сулфур диоксид и прав со олово, цинк и кадмиум. Велес ретко го огрева сончева светлина. Доаѓајќи по автопатот Скопје-Атина првиот знак дека има град во близина е Топилницата, а ако  повеќе се напрегнете низ маглата можеби и ќе забележите дека тука е еден од најубавите стари градови на Македонија, поранешен центар на културата и трговијата. Градот кој се наоѓа во срцето на Македонија и јужниот Балкан, каде се родиле и живееле многубројни уметници, писатели и борци…
…Свеста кај граѓаните расте, а трпението се намалува. Триесет години постојано труење, се поретко се сретнува дете без респираторни болести, а се почесто ветувања дека за 10, 15 или 30 дена ќе почне примената на решенијата. Концентрацијата на емисиите на олово, кадмиум и цинк скоро секогаш е над максимално дозволените граници, и со години се зголемуваат... ”
Ова е дел од писмото со кое еколошкото друштво “Вила Зора” од Велес и Движењето на Македонија ја проследија акцијата за санирање на последиците од неколкудецениското загадување на Велес и за воведување нови технолошки решенија кои ќе обезбедат Топилницата да работи според современите стандарди на заштита на средината, без кои, впрочем, Македонија нема да може да стане дел од Европската унија.
Граѓанската акција за Велес не е нова. Таа се случува над 15 години, ангажирајќи  новинари, граѓани, експерти, невладини организации. Но, освен алармирањето за проблемот, ништо конкретно не се случи. Дали нешто навистина ќе промени сегашната засилена кампања, која ја спроведуваат, помалку или повеќе координирано, невладините организации од Велес и Скопје, Движењето на екологистите, градоначалникот на  Велес, со поддршка на министерот за животна средина, на Омбудсманот и на неколку домашни и странски фондации ?
Одговорот ќе биде истовремено и одговор на прашањата - дали развојот на демократијата во Македонија го достигна тој степен кога зборот го имаат граѓаните; кога граѓанскиот интерес е над профитниот; кога граѓаните остваруваат дијалог со бизнис-секторот и со владините органи; кога земаат активна улога во креирањето на политиката на развојот на државно и на локално ниво; кога свеста за потребата од здрава животна средина кај државните и стопанските субјекти е на нивото кое од нив го бара современиот свет, и посебно, Спогодбата за стабилизација и асоцијација на Македонија во ЕУ...


ПОВИК ДО МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ
Да се санираат последиците од загадувањето
ЕД “Вила Зора” од Велес, во соработка со други здруженија и со Движењето на екологистите на Македонија, упати повик до граѓаните, јавните гласила, здруженија на граѓани и други организации, за поддршка на нивните барања:
 Владата итно да ги процени трошоците и придобивките од работењето на Топилницата, имајќи го предвид највредното  – здравјето на луѓето. Доколку Владата смета дека здравјето на луѓето е најважно, тогаш бараме дислокација на Топилница;
 Санирање на последиците од повеќегодишното загадување (пр. бесплатно лекување за децата и болните од Велес, пошумување на околината – односно реализација на долгонајавуваниот Зелен појас).
“Ние, како граѓани на Велес, Република Македонија и други држави ќе дадеме с$ од себе да помогнеме во санирањето на последиците, ќе организираме или ќе се вклучиме во активностите за подобрување на здравјето и животната средина во Велес. Ценејќи ги последните напори на Владата на Република Македонија, бараме од неа до 21 март – денот на пролетта да се произнесе по прашањето за Велес и Топилница, а на 22 април  - Ден на планетата Земја, ние граѓаните на Македонија или ќе го славиме конечното прекинување на загадувањето или ќе го организираме протести пред Топилница, и самите ќе го спречиме нејзиното работење.” – се вели во повикот.

ЕД “ВИЛА ЗОРА” И ДЕМ
Протестен марш и пречек на пролетта вон Велес
 "Вила Зора"  и ДЕМ, во соработка и со поддршка на повеќе други организации организираа протестен марш  на 21 март годинава во Велес.Учесниците поминаа низ градот, с$ до Топилница. Маршот беше придружен со најразлични пародии кои имаа цел да ја претстават состојбата во Велес.
На 23 март, во соработка со градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, се организираше "напуштање" на Велес, за да се дочека пролетта во поздрава животна средина. Многу граѓани се собраа на овој настан, организиран на езерото Младост.

ОЖ ВЕЛЕС И СОЖМ
“Инвестирајте во грижа,
не во труење”
На 8 Март, Сојузот на организациите на жените на Македонија и Организацијата на жени - Велес изразија солидарност со граѓаните на Велес и се приклучија кон светското женско движење со  сопствено мото  “Инвестирајте во грижа, не во труење”.
Со паролите како: “Велес, црна дупка на еколошката карта на Македонија”, “Еколошките права на граѓаните на Велес се основни човекови права” и други, жените организира митинг на градскиот плоштад во Велес. Како што нагласија, овој митинг е одговор и поддршка на барањата на луѓето и граѓанските здруженија од Велес, кои се соочуваат со тешко загадување на животната средина и со катрастрофални последици врз здравјето на луѓето.

ДВИЖЕЊЕ НА ЕКОЛОГИСТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
Петиција за дислокација на Топилницата
Од 18 март 2003 година, Движењето на екологистите на Македонија, во соработка со велешките НВО, собира потписи за поддршка на барањата за дислокација на Топилиница надвор од Велес.Како што се вели во писмото на поддршка, иако е најверојатно дека дислокација нема да се случи, организаторите се надеваат барем на обновување на технологијата и санирање на последиците, како и проценка на штетите од Топилница врз здравјето на луѓето и на животната средина.
Досега, потписи на поддршка се добиени од 60-тина НВО од Македонија и 30-тина од странство (меѓу кои, од ФОЕ, СЕЕЕНН, Холандија, Велика Британија, Србија, Грција и други).

ЗДРУЖЕНИЕ НА РОДИТЕЛИ ЗА ГРИЖА ЗА ЗДРАВО ПОКОЛЕНИЕ
Анализи на контаминираноста на стотина деца

Здружението на родители за грижа за здраво поколение од Велес презеде неколку активности (упатување петиција до Омбудсманот, покренување акции во соработка со локалната самоуправа и слично). Последната активност е барање за изготвување анализи во Центарот за биотичка медицина во Москва, Русија, на примероци од коса на стотина деца од Велес и околината, кои треба да потврдат колку нивните организми се контаминирани со кадмиум, олово, цинк, сулфурдвооксид.. Анализите ќе се понудат на општината и надлежните државни и здравствени активности и ќе следи соодветна акција.  


ЗДРУЖЕНИЕ ”GREEN POWER”
Анимирање и подигање на јавната свест
Велешкото здружение “Green power” својата активност ја фокусира врз анимирање на јавноста и подигање на јавната свеста, преку “благо радикални” методи: пишување на графити на ѕидовите или автобусите со кои вработените во Топилницата се возат на работа, бојосување на рекламните паноа на овој комбинат... Тука членуваат млади луѓе, средношколци и студенти, кои на свој начин му даваат гласност на овој проблем и вршат своевиден притисок врз јавноста и надлежните органи.


БИЗНИС-СЕКТОР
Игнорантски, заканувачки или навредувачки став
Бизнис-секторот во Велес, за жал, с$ уште не остварил соработка со граѓаните и НВО во борбата која би требало да е заедничка - за здрава животна средина во овој град. Односот од страна на Топилницата но и другите индустриски капацитети е најчесто игнорантски, а неретко заканувачки и навредувачки, при што граѓаните се нарекуваат “хипохондри”, им се најавуваат отпуштања од работа, па и физички напади…


НПЕЦ ЕРИНА
Правна помош за Велес
Правниот центар на НПЕЦ ЕРИНА од Скопје нуди бесплатна правна помош за граѓаните и невладините организации од Велес во врска со проблемот на загадувањето на животната средина во овој град. Правниците од ЕРИНА се во контакт со општината Велес за разрешување на проблемот со помош на правните механизми, во врска со што се чека информацијата од меѓуресорската владина група која треба да понуди владина концепција за “случајот Велес”.

ЉУБОМИР ЈАНЕВ, МИНИСТЕР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА
Решение за Топилницата  се бара
Министерот за животна средина и просторно планирање, г. Љубомир Јанев, вели дека за Министерството и за Владата здравјето на граѓаните е апсолутен приоритет, а во случајот на Велес е формирана меѓуресорска владина комисија која ќе понуди конкретни ставови во врска со загадувањето на животната средина. Ќе се настојува да се најде решание Топилницата да се задржи како производствен капацитет, но да не ја загрозува животната средина - е ставот на министерот Јанев.

АЦЕ КОЦЕВСКИ, ГРАДОНАЧАЛНИК НА ВЕЛЕС
Консензус за Велес
Градоначалникот на Велес, г. Аце Коцевски, се зафати со сизифовската борба за животната средина на овој град, која кулминираше со акција за покренување тужба против Државата. Г. Коцевски нагласува дека има огромна поддршка од граѓаните и НВО и дека во овој град по прашањето за спречување на загадувањето на животната средина, постои консензус од сите граѓани и сите партии.


ТОНИ ПОПОВСКИ, РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА ЗА ЦИЕ ОД БУДИМПЕШТА
Да се искористат можностите застранска помош

Директорот на Регионалниот центар за животна средина за ЦИЕ од Будимпешта, г. Тони Поповски, поранешен министер за животна средина и просторно планирање на Македонија, нагласува дека мораат да се искористат сите постојни можности за добивање странски донации и кредити за технички решенија во функција на заштитата на животната средина во Топилницата и другите индустриски капацитети во Велес.
Такви можности се нудат од УНДП, Владата на Холандија, Јапонскиот специјален фонд и други странски донатори, а има простор и за наоѓање други линии за овој вид помош.

(користени изјави од прилогот “Моќта е во народот” од февруари 2003,
во  “Утрински весник”)

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 25 Март 2003
Настани
Коментар
Писма од читателите
Тема
Интервју
Публикации
Погледи
Концепти
Појмовник
Q&A
Форум
Претставување
Донатори
Избор
Календар
 

©MCMS - designed by KOMA