НАСТАНИ
ФОРУМ
ТЕМА ЗА ДЕБАТА
Како можеме да помогнеме во надминување на кризата?
Како граѓаните и граѓанските здруженија можат да помогнат да се надмине кризата во која во моментов се наоѓа нашата држава? Како можеме да ги ублажиме последиците од конфликтот, како да ги задржиме добрите меѓуетнички односи и како да ги подобриме уште повеќе? Каков може да биде нашиот граѓански придонес за мирот и стабилноста на нашата држава?
„Граѓански свет” ве поканува да ги изнесете своите мислења, ставови и искуства во врска со оваа тема во текот на овој месец на Форумот отворен на нашите веб-страници (www.graganskisvet.org.mk и www.civicworld.org.mk). Ве молиме во дебатата да учествувате со своето полно име и презиме! Во наредниот број на „Граѓански свет ќе објавиме делови од таа интернет-дебата и ќе ја најавиме темата за наредната. За почеток ви претставуваме мислења на оваа тема на неколку лица активни во граѓанскиот сектор: Весна Вељиќ – Стефановска: Граѓаните и граѓанските здруженија во времето на кризата можат на најдобар начин да помогнат ако строго ја следат својата мисија, усмерувајќи ја за доброто на секој поединец во нашата држава, без оглед на неговата национална или верска припадност. Алберт Хани: Мислам дека луѓето немаат мотив, немаат доверба во себе, дека како граѓани можат нешто да сторат за да се надмине кризата, да сторат нешто да се смени. Мала група граѓани, како што рекла Маргарет Мид, може да го промени светот, но претходно граѓаните треба да се убедат во тоа, да стекнат самодоверба. Епаминонда Главинац: Во кризата во која се наоѓа нашата држава, граѓаните и нивните здруженија можат да помогнат во надминување на нејзините последици, со промовирање на вредностите на цивилното општество и идејата на Гоце Делчев, за светот (а со тоа и Македонија) како поле за културен натпревар меѓу народите.
|