|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Како ќе се одразат последните даночни измени на работењето на граѓанските организации
Измени во законот за персонален данок на доход III
Во последните месеци од 2006 година Владата на РМ покрена низа промени во таканареченото даночно законодавство. Како последица на тоа битно ќе се измени опкружувањето и условите за работа на стопанските субјекти и на граѓанските организации. Поради тоа, Граѓански свет, во следните неколку броја ќе ги објасни измените во постојните закони за Данок од добивка, Данок на додадена вредност и Законот за персонален данок од доход заедно со почетокот на примена на Данокот за донации и спонзорства и воведувањето на тнр. рамен данок.
Во овој број читајте го третиот дел од измените на Законот за персонален данок на доход.
Авторски права и права од индустриска сопственост
нормирани трошоци 60% од бруто приходот - вајарски дела, таписерии, керамопластика, уметничка керамика и витраж
За овој вид на примања трошоците се признаваат во висина од 60% од бруто приходот.
Пресметаната стапка се пресметува на следниот начин:
Пресметана стапка = ((0.15x(1-0.6))/(1-[0.15x(1-0.60)])x100 = 6.3829
Според овој начин на пресметка пресметаната (изведена) стапка на ПД се применува на износот кој треба да му биде исплатен на лицето со што се доаѓа до износот на персоналниот данок. Овој начин ќе го презентираме преку примери:
ако исплатата се врши на нето износ, тогаш пресметката ќе биде:
до 31.12.2006
од 01.01.2007
Нето износ за исплата
10,000
10,000
Пресметана стапка
6,383%
5,042%
Персонален данок
638
504
Бруто примање
10,638
10,504
ако исплатата се врши на бруто износ, тогаш пресметката ќе биде:
до 31.12.2006
од 01.01.2007
Бруто примање
10,638
10,504
Процент на нормирани трошоци
60%
60%
Даночна основа
4,255
4,201
Пропишана стапка
15,000%
12,000%
Персонален данок
638
504
Нето износ за исплата
10,000
10,000
нормирани трошоци 50% од бруто приходот - уметничка фотографија, зидно сликарство и сликарство во простор во техниките: фреска, графика, мозаик, интарзија, емајл, интарзирани и емајлирани предмети, костимографија, модно креаторство и уметничка обработка на текстил (ткаен текстил, печатен текстил и слично), сликарски дела, графички дела, индустриско обликување со изработување на модели и макети, ситна пластика, уметнички решенија за сценографија, научни, стручни и публицистички дела, преведување на дела од книжевноста, музички и кинематографски дела и реставраторски и конзерваторски дела во областа на културата и уметноста
Пресметаната стапка се пресметува на следниот начин:
Според овој начин на пресметка пресметаната (изведена) стапка на ПД се применува на износот кој треба да му биде исплатен на лицето со што се доаѓа до износот на персоналниот данок. Овој начин ќе го презентираме преку примери:
ако исплатата се врши на нето износ, тогаш пресметката ќе биде:
до 31.12.2006
од 01.01.2007
Нето износ за исплата
10,000
10,000
Пресметана стапка
8,108%
6.383%
Персонален данок
811
638
Бруто примање
10,811
10,638
ако исплатата се врши на бруто износ, тогаш пресметката ќе биде:
до 31.12.2006
од 01.01.2007
Бруто примање
10,811
10,638
Процент на нормирани трошоци
50%
50%
Даночна основа
5,406
5,319
Пропишана стапка
15,000%
12,000%
Персонален данок
811
638
Нето износ за исплата
10,000
10,000
нормирани трошоци 30% од бруто приходот - за изведување уметнички дела во областа на сериозната музика, балетот, операта и театарско и филмско актерство, за рецитирање, снимање филмови и идејни скици за таписерија, костимографија, преводи (освен преводи на книжевни дела), предавања и слични интелектуални творби
Пресметаната стапка се пресметува на следниот начин:
Според овој начин на пресметка пресметаната (изведена) стапка на ПД се применува на износот кој треба да му биде исплатен на лицето со што се доаѓа до износот на персоналниот данок. Овој начин ќе го презентираме преку примери:
ако исплатата се врши на нето износ, тогаш пресметката ќе биде:
до 31.12.2006
од 01.01.2007
Нето износ за исплата
10,000
10,000
Пресметана стапка
11,7318%
9,170%
Персонален данок
1.173
917
Бруто примање
11.173
10.917
ако исплатата се врши на бруто износ, тогаш пресметката ќе биде
до 31.12.2006
од 01.01.2007
Бруто примање
11.173
10.917
Процент на нормирани трошоци
30%
30%
Даночна основа
7.821
7.642
Пропишана стапка
15%
12%
Персонален данок
1.173
917
Нето износ за исплата
10,000
10,000
нормирани трошоци 25% од бруто приходот - за изведување на естрадни програми на забавна и народна музика, за други авторски дела и дела од индустриска сопственост, кои не се наведени во точките од 1 до 6 на член 41.
Пресметаната стапка се пресметува на следниот начин:
Според овој начин на пресметка пресметаната (изведена) стапка на ПД се применува на износот кој треба да му биде исплатен на лицето со што се доаѓа до износот на персоналниот данок. Овој начин ќе го презентираме преку примери:
ако исплатата се врши на нето износ, тогаш пресметката ќе биде:
до 31.12.2006
од 01.01.2007
Нето износ за исплата
10,000
10,000
Пресметана стапка
12,6761%
9,8901%
Персонален данок
1.267
989
Бруто примање
11.267
10.989
ако исплатата се врши на бруто износ, тогаш пресметката ќе биде
до 31.12.2006
од 01.01.2007
Бруто примање
11.267
10.989
Процент на нормирани трошоци
25%
25%
Даночна основа
8.450
8.242
Пропишана стапка
15%
12%
Персонален данок
1.267
989
Нето износ за исплата
10,000
10,000
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|