Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 41 Септември 2004

   

Луѓе: Златко Талевски
 

Бидете активни за да направите позитивна разлика

Професионално искуство: Извршен директор на Младинскиот културен центар - Битола

Ангажирање во граѓанскиот сецтор: Од 1995 до 1999 година како член на студентската организација АИЕСЕК, потпретседател за човечки ресурси во Локалниот комитет Прилеп и една година член на Националниот тим на тренери. Координатор сум  на проект во Младинската културна асоцијација (денешен МКЦ - Битола) од 1999 до август  2002 година, од кога сум  извршен директор во МКЦ - Битола.

Амбиции: Напредок во кариерата во граѓанскиот сектор во Република Македонија. Подолгорочно, стручно усовршување на докторски студии на реномиран универзитет во странство. Уште подолгорочно, работа во Европската администрација како претставник од Република Македонија.

Хоби и интереси: Слушање музика и надополнување на мојата музичка колекција. Интерес за патувања и откривање нови места и запознавање нови луѓе.

Во слободно време чита: Стручна литература, дневни весници и белетристика. Последна прочитана книга Уличен адвокат од Џон Гришам. Моментално ја читам Одбрани раскази од Карел Чапек.

За време на викенди: Доколку немам обврски на работа во МКЦ - Битола, времето го поминувам во друштво со сопругата Наташа и тригодишниот син Марко. Пиењето кафе на Широк Сокак, прошетките во Градскиот парк, или уживањето во убавините на Националниот парк Пелистер, се мои вообичаени викенд-дестинации. За мир во душата и просветлување на духот, Охрид е идеален, а понекогаш и шопинг во Лерин, Грција, доаѓа во комбинација.

Најтешка одлука: Кога штотуку стапив во брак, заминав на едногодишни постдипломски студии на Централно-вропскиот универзитет во Будимпешта, отсек политички науки. Релацијата Битола-Будимпешта, која е околу 1000 километри, ми стана неверојатно блиска поради моите чести патувања. 

Кој национален (локален) проблем го смета за особено важен?
Ги има премногу, но би ги издвоил (не)функционирањето на правната држава, невладеењето на правото и почитувањето на законите, не само од страна на граѓаните, туку и од самите државни институции. Со нивно постепено, но и реално решавање, граѓаните ќе го трансформираат своето мислење и нема да ја сметаат државата за непријател кој треба да се изигра.

Кој глобален проблем го смета за особено важен?
Процесот на (фер)глобализација во кој и малите народи и држави, особено тие кои се економски индиферентни, ќе го најдат местото што го заслужуваат.

Што би променил во Македонија и во светот?
Би сменил многу работи, но пред тоа најбитно е граѓаните да бидат свесни и убедени од потребата за позитивни промени. Ова е особено значајно за Република Македонија, како држава што сака да фати приклучок со современиот свет. Граѓаните со повеќе самодоверба кон себе и кон институциите можат да бидат носители на промените за подобра иднина и пристоен живот.

Совет (препорака):Отворено соочете се со предизвиците и секогаш инвестирајте во Вашето знаење.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA