Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 30 Септември 2003  Луѓе

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News

Нафи Сарачини

Најдобро се одморам покрај вода

Професионално искуство: Советник за граѓанско општество во Делегацијата на Европската комисија.

Ангажирање во граѓанскиот сектор: Иницијатор и основач на неколку невладини организации,  член на управниот одбор на ФИООМ и други граѓански асоциации. Раководител на микропрограмата на Европската иницијатива за демократија и човекови права (ЕИДХР) со која се финасирани повеќе од 35 проекти во текот на 2001/02/03 година.
    
Хоби и интереси: Пливање и останати активности повразани со вода.

Најтешка одлука: Дали да се остане во земјата? 

Амбиции: Довршување на постдипломските студии кои ги развлеков цела вечност.
 
Во слободно време чита: Разно-разни извештаи и анализи  на состојбите во земјата  поврзани со работата, а ако остане време, литература поврзана со студиите.

Каде оди во слободното време: Обично кога го планирам денот, никогош не планирам  нешто што би го нарекол слободно време. Работниот ден  во нормални околности  ми трае од 8:30 до 17:30  а останатото мало парче од времето  и енергјата во денот е исполнето со обврски поврзани со семејството, така што ми останува единствено да им завидувам на оние кои можат да имаат слободно време. 

За време на викенди: Најчесто одам на  Матка, и секаде каде што има вода.
                     
Кој национален/локален проблем го смета за особено важен и зошто?
Во земјава се како да е свртено наопаку. Измамата,  корупцијата и криминалот се поисплатливи од чесната работа, лекарите се бават со политика, трговците  не ги плаќаат сметките,  земјоделците се бават со трговија, учителите штрајкуваат, новинарите шират невистини, помладите не им отстапуваат место на постарите во автобус, постарите не им отстапуваат работно место на помладите,  животот од  највредно нешто се претворо во најевтино нешто. Има многу проблеми во земјава, ама нема кој да се нафати да ги решава...    

Кој глобален проблем го смета за особено важен и зошто?
Уништувањето на природата и природното во човекот.  Обземени со нашите проблеми, забораваме дека дишеме загаден воздух, наскоро нема да има чиста вода за пиење, а  кој ќе има пари ќе може и да се клонира “од ќеф”.
 
Што би променил во Македонија и во светот?
Во Македонија би ги завртел работите наопаку,  а  светот би го оставил таков каков што е, мислам дека подобар не може да биде,  можеби би го укинал насилството.  

Совет/порака: Додека чекате да се подобрат состојбите во земјата, живејте си го животот, бидејќи тоа ќе ви остане.

Никогаш не би можел: Да се китам со туѓи перја и да ми пречи другиот кој сака да биде слободен и рамноправен со мене.  

 

©MCMS - designed by KOMA