СРЕДБА
UNEP и ние
Претставникот на одделот за Балкан на Програмата за животна средина на ООН (UNEP), г. Паси Рине, при својата неодамнешна официјална посета на Македонија, побара од канцеларијата на Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа да му организира посебна средба со здруженијата на граѓани што работат на оваа област.
На средбата, г. Рине на претставниците на здруженијата на граѓани им ги презентираше истражувањата кои UNEP ги изврши од аспект на последиците врз животната средина од косовскиот конфликт, но и во однос на „црните” точки од областа на индустријата кои вршат најголемо загадување на животната средина. Како такви, посочени се пет индустриски жаришта: „Југохром”-Јегуновце, ОХИС - Скопје, РЕК Битола, Топилницата за олово и цинк од велес и Рудникот за олово и цинк во Пробиштип. Претставникот на UNEP дискутираше со здруженијата на граѓани за нивните погледи на состојбата на животната средина во Македонија.
М.И.
|