Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 18 Јули 2002  Интервју

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News

ИНТЕРВЈУ: БРАНКО НАУМОВСКИ, НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

Патот кон демократијата не е овој по кој сега одиме

Правата во државата не се почитуваат, или барем не се почитуваат целосно. Има голем расчекор меѓу тоа што е нормирано и тоа што се спроведува. Дојдени сме до тој Рубикон на непочитување на правата кој не смее да се премине. Граѓаните заслужуваат многу повеќе внимание од она што го имаат сега – од највисоките функционери во државната власт, до најниските по ранг службеници.
Марјана Иванова

Институцијата Народен правобранител или Омбудсман во светот е една од најпопуларните институции меѓу граѓаните. Таа истовремено е институција која ужива голем авторитет кај органите и кај телата на власта, застапувајќи ги интересите на граѓаните. Омбудсманот во Република Македонија исто така сe повеќе ја достигнува оваа позиција. Докажувајќи ја во повеќе прилики својата независност и бранејќи ги непристрасно интересите на граѓаните, оваа институција ја стекна довербата на граѓаните.
Со цел поблиску да ја прикажеме и да ја приближиме до граѓаните оваа институција, разговаравме со народниот правобранител, г. Бранко Наумовски.

Г.С. – Институцијата која ја претставувате е релативно нова во нашето општество. Колку во овој петгодишен период, колку што постои, се приближи до граѓаните?
Б.Н. –
Пет години се сепак не толку долг период, во кој граѓаните сe уште нe запознаваат. И покрај нашите обиди да ја популаризираме институцијата, за жал, не е допрено до секој граѓанин – мислам дека е потребна поголема кампања за популаризација на народниот правобранител. Тоа е затоа што имаме драстични кршења и континуирано повредување на граѓанските права, а во последно време се донесуваат толку прописи што не можат да се снајдат ни правниците, а камоли граѓаните. Оваа институција има за цел не само да им помогне на граѓаните во остварувањето на нивните права, туку и да ги упати, да им даде правна помош, каде и како можат да го остварат своето право, пред кој орган да се обратат и слично.

Г.С. – Граѓаните честопати очекуваат народниот правобранител да ги реши до крај нивните проблеми. Но, вашите ингеренции се сепак ограничени. Што конкретно претставува ваша надлежност?
Б. Н. –
Омбудсманот не ги остварува правата на граѓаните, туку ги заштитува. Тоа понекогаш, од незнаење или неинформираност, се поистоветува и граѓаните очекуваат ние да ги решиме прашањата докрај. Но, тие сепак за остварувањето на своите граѓански права мораат да се јават пред државните органи. Во 1997 година, по мојот избор за народен правобранител, се јавуваа многу граѓани, но очигледно не беа доволно информирани – на пример, бараа да ги застапуваме пред суд, да менуваме судски одлуки, да посредуваме во некои спорови. Но, мислам дека сега веќе им е јасно на кој начин работиме.
Но, не е на одмет да повториме – ние не донесуваме одлуки, туку интервенираме, препорачуваме. Во таа постапка, може да бидат вклучени и други дејствија – да поведеме прекршочна постапка или кривична пријава пред јавниот обвинител, а за помали проблеми да го известиме државниот службеник, неговиот старешина, па и Парламентот.
Ние интервенираме и за најситни повреди на граѓанските права, кога на човек му е повреден дигнитетот, моралот, кога службениците во државните органи, или шалтерските службеници грубо се однесуваат, во сите тие случаи граѓаните можат да се обратат до нас. Значи, интервенираме од најситните до најкрупните случаи – кога се носи некој акт, на пример. 

Г.С. – Дали интервенирате и по сопствена иницијатива, без да чекате да Ви се обратат граѓаните?
Б.Н. –
Народниот правобранител има овластување самоиницијативно да покрене постапка. Но, се бара согласност од граѓанинот кому му е повредено правото – тоа е едно ограничување од Законот за народен правобранител. Имавме неколку случаи кога граѓаните се откажаа од нашата помош, било од причина да имаат некои резерви или да се заплашени. Но, има и доста позитивни примери – имаме поведено дисциплински и кривични постапки, па дури и осудено е едно лице.

Г.С. – Дали сметате дека успеавте да ја стекнете довербата на граѓаните?
Б.Н. –
По нашата петгодишна работа, мислам дека изградивме доста високо ниво на доверба кај граѓаните. Но, тоа лесно може да се изгуби ако надлежните државни органи не ги почитуваат и не одговараат на барањата на народниот правобранител. Органите на управата на нашите барања досега не се спротивставиле, но постои одреден игнорантски однос – често пати не одговараат на барањата, не ги почитуваат обврските, што негативно влијае и кај граѓаните и кај народниот правобраните, па и кај државата во целост.

Г.С. – Каков е случајот со државните органи и тела, каков е нивниот однос кон народниот правобранител?
Б.Н. –
Не сум задоволен од односот на државната власт. Како што веќе споменав, имаат инертен однос, не одговараат на нашите барања, не ги почитуваат одлуките. Но, и во оваа сфера – во сферата на власта е потребно време да нe прифати и се надевам дека тој однос ќе се промени. Важно е да се разбере дека народниот правобранител е заштитен механизам, медијатор, целта е не само да ги заштитиме граѓаните, туку да & помогнеме и на дминистрацијата, да се организира и да биде вистински сервис на граѓаните.
Можам да кажам дека кај државните органи наидуваме на пасивен отпор. Но, тие се должни да соработуваат со нас. Според Законот, за Народниот правобранител нема тајна – државна тајна или дискреционо право – но, честопати има опструкции. Народниот правобранител има законско право во секој момент ненајавен да може да влезе во секоја институција и службениците се должни да ги достават на увид буквално сите документи.
Ефикасна помош во нашата работа може да бидат гласот на јавноста, на граѓаните и медиумите. Медиумите честопати ни помогнале пропагирајќи ја нашата работа и тие можат да извршат додатен притисок врз органите на управата. Ние ќе продолжиме уште поблиску да соработуваме со медиумите.

Г.С. – Колку се почитуваат граѓанските правата во Македонија?
Б.Н. –
Правата во државата не се почитуваат, или барем не се почитуваат целосно. Има голем расчекор меѓу тоа што е нормирано и тоа што се спроведува. Дојдени сме до тој Рубикон на непочитување на правата кој не смее да се премине. Патот кон демократијата не е овој по кој сега одиме. Граѓаните заслужуваат многу повеќе внимание од она што го имаат сега – од највисоките функционери во државната власт, до најниските службеници по ранг .
Народниот правобранител е институција која им е многу потребна на граѓаните. Ние редовно одиме во другите градови во Македонија и разговараме со граѓаните – тоа се отворени средби,и дури и оние кои не им е нарушено одредено право излегуваат задоволни кога тоа ќе им го објасниме. Лично сум задоволен од односот на граѓаните, но треба и државата да поклони поголем интерес и доверба кон оваа институција. Имаме голема поддршка од странските организиции.


ПОРАКА ДО ГРАЃАНИТЕ
Гласот на граѓаните мора да се слушне
„Сакам да им порачам на граѓаните да се јавуваат за сe што сметаат дека од одреден државен орган е злоупотребено или повредено. Нека не се плашат и нека не бидат инертни. Нивниот глас, нашиот глас и гласот на медиумите може заедно многу да придонесе граѓанските права да се подигнат на повисок степен.
Омбудсманот мора тесно да соработува и со НВО. Невладините организации се во близок контакт со граѓаните и тие можат да ни се обратат и многу да ни помогнат. Граѓаните можат да ни се обратат секој работен ден, лично да поднесат претставка, усно или писмено, или пак по телефон или преку е-маил„ – ни изјави г. Наумовски
 

 

©MCMS - designed by KOMA