|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Ќе биде ли годинава историска за Велес?
Почетоков на годинава, погледната од аспект на развојот на граѓанското движење во земјава, дејствува навистина оптимистички. Велешани добија огромна можност да го скратат својот децениски „од по маките” и преку поддршка на иницијативата на оформената „Зелена коалиција” во градот, да влијаат на можната промена на генералниот урбанистички план на општината за дислокација на Топилницата, озлогласениот загадувач на градот и околината.
Иницијативата, со која се предлага Фабриката за олово и цинк да се премести на 18 километри јужно од Велес, очекувано ја прифати градоначалникот Аце Коцевски, а поддршка во борбата за чиста животна средина дадоа и Македонската православна црква и Исламската верска заедница, партиите во Велес, пратениците од кои се очекува и понатаму да лобираат.
За дислоцирање на загадувачот, кој го чека и својот нов купувач, освен седумте членови на коалицијата, граѓански организации од различен профил, се изјасниле и поединци, дел од интелектуалците во градот, а со с$ поголемата присутност на Коалицијата во јавноста, интерес за приклучување покажаа и пчеларите, организираните земјоделци во сојузи, спортисти...
Во градот познат по своето големо влијание на општествените и културните историски текови на Македонија, граѓаните бараат конечно да заврши со години наназад повторуваната приказна во која евидентираната лоша здравствена состојба на граѓаните се истиснува пред економскиот интерес.
По својот почеток, и оваа година може да биде историска за Велес, граѓанскиот отпор да извојува победа во почитувањето на правото за живеење во здрава и чиста животна средина. Но, оптимизмот ќе биде потврден откако и државата ќе го повлече очекуваниот потег.
И најголемите оптимисти кои го знаат деценискиот третман на заштитата на животната средина во земјава, имаат право да бидат недоверливи во изјавите на надлежните државни институции с$ додека не го видат конечниот исход од борбата. На то за жал, ги научи искуството.
Катерина Богоева |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|