НЕПА, МРФП И ТУТУНСКА БАНКА
Презентација на извори на финансирање
Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), во рамките на Програмата за микро и мали претпријатија, организира и јавни дебати, преку работилници на кои се презентираат заемите и нивното значење, владините мерки за зајакнување на малите и средните претпријатија и земјоделството и др.
Со таа цел, неодамна, по иницијатива на Националната агенција за развој на мали и средни претпријатија (НЕПА), во соработка со МРФП и Тутунска банка, се организира презентација во Скопје за можностите за финансирање во Македонија од страна на фондации, владини институции, банки, микрофинансиски институции и други приватни и невладини организации, активни во овој сектор. Вакви презентации ќе се одржат во уште неколку градови во Македонија: Куманово, Битола, Велес, Прилеп, Охрид, Струга и Штип. На овие презентации ќе се претстават програмите за среднорочно, долгорочно инвестирање и за ризичните инвестиции.Поточно, се презентираат можностите за финансирање преку кредитни линии, инвестирања преку влог и берзата.
|