Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Донатори

   

Донатори
ПРОГРАМА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА СИРОМАШТИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА - АМПЕП

Одговор на прашањето: “Зошто ви се пари?”

Програмата за намалување на сиромаштијата  во Македонија и Албанија - АМПЕП, е невладина организација финансирана од шведската владина агенција СИДА (Шведска асгенција за соработка за меѓународен развој). Таа е програма за прекугранична соработка и се спроведува веќе пет години, преку своите канцеларии во Охрид, Македонија и Корча, Албанија.
Иако е финансирана од шведската влада, вниманието на АМПЕП е пред с$ фокусирано на локално ниво и работи одделено од донаторите, владините агенции и другите големи организации. Филозофијата на АМПЕП е да го насочи вниманието од барањето пари кон наоѓањето решенија, со цел да им помогне на селаните  да сфатат дека и самите можат да сторат нешто, без помош од надвор. Организацијата, така, на селаните им го поставува прашањето: зошто ви се пари?
Бидејќи, парите не решаваат с$. Еден пат може да се поправи без помош од страна, селаните можат да го организираат собирањето на сметот. Она што е потребно, е организираност и мобилизација, а тоа се областите каде АМПЕП може да помогне. Во оваа организација веруваат дека, во ова време во кое надлежните органи, и на локално и на централно ниво, се преоптоварени со работа, потребно е да се зајакне самоорганизираноста на селаните за да се постигнат позитивни промени.
Па, како тоа може да се стори? Во општините Сопотница, Долнени и Ресен во Македонија и Лекенас, Појан и Виткук во регионот на Корча во Албанија, АМПЕП има свој персонал, кој таму и живее.  Преку редовните средби со селаните, организацијата дознава кои се нивните потреби и проблеми. Понекогаш с$ што е потребно е да им се помогне на луѓето да се организираат себеси да решат определен проблем, во други случаи им се дава поддршка на селените при контактирање со локалните власти, така што тие за возврат самите можат да се справат со проблемот. Како додатна полза од овој начин работа, селаните се зближуваат со локалните власти, така што можат да работат заедно и да ги подобрат општеството и локалната демократија.
Но, со оглед дека АМПЕП е прекугранична програма, решенија се бараат и на другата страна на македонско-албанската граница. Така, на пример, со посредство на оваа програма е остварена соработка меѓу универзитетите во Битола и Корча, кои сега ја планираат идната соработка. Премостен е јазот помеѓу граѓаните и властите и помеѓу луѓето од Македонија и Албанија. Во иднина, информациите кои се собираат на локално ниво ќе бидат проследувани до министерствата и парламентарците, така што и тие ќе можат да земат учество во процесот кој сега започнува на ниво на селото.

(За понатамошни информации за АМПЕП, посетете ја веб-страницата њњњ.ампеп.орг.мк)

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 20 Октомври 2002
Вовед
Тема
Настани
Календар
Публикации
Интервју
Концепти
Q&A
Појмовник
Погледи
Форум
Претставување
Донатори
 

©MCMS - designed by KOMA