|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Кампања за рано откривање на ракот на дојката
Слави го животот Постои опасност секоја деветта жена во Македонија да заболи од рак на дојката. Минатата година се регистрирани 600 нови случаи, што е шест пати поголем број новозаболени од пред десетина години. Затоа, на крајот на септември здружението „Животна искра” ја промовира својата кампања под мотото „Слави го животот”, како водечка идеја во борбата против ракот и подигање на свеста кај јавноста за присутноста на болеста и последиците што произлегуваат од неа.
„Само раното откривање на ракот на дојката може да биде делотворно и да води кон успешно лекување. Според експертите, раното откривање на ракот на дојката доведува до излекување на 95 отсто од жените”, истакнуваат во здружението „Животна искра”.
Кампањата симболично започна со манифестацијата „Торта за сите, третман за сите”, симболизирајќи ја алармантноста на проблемот, а манифестацијата заврши една минута до пладне, пред Домот на АРМ во Скопје. Манифестацијата предизвика огромен интерес кај скопјани, а тортата во форма на виолетова панделка го симболизираше светски препознатливиот знак за борбата против ракот на дојката. Министерот за здравство, Имер Селмани, кој присуствуваше на манифестацијата по повод стартот на кампањата „Слави го животот”, најави дека пред Нова година се очекува да пристигне новиот мамограф за Клиничкиот центар, донација од Грција, вредна 700 илјади евра.
Кампањата на „Животна искра” ќе биде насочена и кон институциите од кои ќе се побара борбата против малигните заболувања да биде ставена на ниво на национална стратегија.
На стартот на кампањата беа поделени и едукативни брошури во кои на жените им е објаснето како може да извршат самопреглед на дојките, а доколку наидат на промени, укажано им е веднаш да се јават кај матичниот лекар. Секоја промена на дојката не мора да значи дека се работи за најлошото, но сепак преглед е потребен. Ниту една болест не е срамна, а промените ниту на еден орган не треба да се игнорираат, предупредуваат експертите.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|