СВЕТСКА БАНКА
Гана, шри Ланка и Азербејџан донесоа стратегии за сиромаштијата
Неодамна Гана, Шри Ланка и Азербејџан донесоа национални стратегии за намалување на сиромаштијата. Со тоа, досега 28 држави донесоа вакви документи. Донесувањето на националните стратегии е обврска за сите презадолжени сиромашни држави опфатени со Иницијативата за намалување на задолженоста, која Светската банка ја спроведува со Меѓународната асоцијација за развој - ИДА.
Овие стратегии ги изготвуваат граѓаните, со широко учество на сите делови на општеството, а имаат за цел да обезбедат фондови за странска помош за намалување на долгот и да претставуваат рамка за координација на помошта која доаѓа од надворешните партнери за намалување на сиромаштијата.
М.И.
|