|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Романија
Комисија за холокаустотПретседателот на Романија, Илиеску, формира Комисија за испитување на последиците од холокаустот во оваа држава. Претседател на комисијата е нобеловецот Ели Визел, роден во Романија, а во неа членуваат историчари и други научници од Израел, САД, Германија, Франција и Романија. |  |
БУГАРИЈА
Акциски план за ромското малцинствоБугарската влада донесе Акциски план за ромското малцинство, што е всушност план за имплементација на Рамковната програма за интеграција на Ромите во бугарското општество за периодот до декември 2004 година. |  |
БАЛКАН
Регионална соработка меѓу црковните и нецрковните граѓански организацииНа Форумот на Светскиот црковен совет (WCC) - Екуменско партнерство на југоисточна Европа (SEEEP) кој се одржа од 17 до 20 ноември во Боровец, Бугарија, се собраа повеќе од 25 претставници од црквите и од црковните и нецрковните организации, да разговараат за досегашните достигнувања и идните активности на SEEEP. |  |
ВО ТУРЦИЈА И ГРЦИЈА
Загрижувачки бран на антисемитизам
 Последните настани кои се насочени кон еврејските заедници во Грција и Турција упатуваат на загрижувачкиот бран на антисемитизам во овие држави.
|  |
БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
Босна ги отфрла заразените лица од ХИВ/СИДАВо својот последен извештај „Балкан крајзис“ објави дека ХИВ/СИДАта станува се’ поголем проблем во регионот, поради неуспехот на владите да и пристапат на соодветен начин. Босна и Херцеговина досега беше единствената земја во регионот, со официјално мал број регистрирани случаи - 56 заразени лица. |  |
ЈАДРАНСКО МОРЕ
Меѓу развојот и експлотацијатаВо ноември, Владата на Хрватска го усвои проектот за изградба на пристаниште на островот Крк за извоз на руска нафта, наречен Дружба - Адрија. |  |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|