Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 45 Јануари 2005  Избор

Црвениот крст ќе го намали собирањето средства за цунами

Несреќата ги направи луѓето екстремно дарежливи­­

ВАШИНГТОН (Ројтерс) - Федера­цијата на Црвениот крст, најголемата светска хуманитарна група, на крајот на јануари изјави дека нејзините здруженија низ целиот свет собрале доволно пари за помош на жртвите од цунамито во Азија и дека ќе го намали собирањето средства.

Меѓународната федерација на Црвениот крст и Здруженијата на Црвената полуме­сечина планираат да ги соопштат своите одлуки во Женева, еден месец по цунамито од 26 декември во кое загинаа повеќе од 228.000 луѓе во регионот од Тајланд до Сомалија во Индискиот Океан.

“Имаме доволно средства да ја покриеме програмата за помош и заживување и собирањето на средства сега ќе се намали низ светот”, рече Сиан Бауен, одговорна за односите со медиумите и јавноста за Меѓународната федерација на Црвениот крст и Здруженијата на Црвената полуме­сечина во Женева.

Таа не успеа до средата да обезбеди детали за тоа колку било собрано од повеќе од 70 здруженија на Црвениот крст вклу­чени во кампањата за цунами, но рече дека американскиот Црвен крст бил меѓу најдарежливите.

“Несреќата допре до луѓето така што ги направи екстремно дарежливи. Нашето собирање средства беше неверојатно. Ние сме воодушевени на пријатен начин. Кога ќе се објават бројките, тоа ќе може да се види”, рече Бауен.

Американскиот Црвен крст собрал повеќе од 223 милиони американски долари изми­натиов месец, според неговиот веб-сајт, и наскоро се очекува самиот да соопшти за плановите да го запре текот на специјалното собирање средства.

Претставници на Црвениот крст се во Индонезија и Шри Ланка  ги прецизираат плановите за тоа како да ги искористат парите, кои ќе бидат средства за програмите во наредните 10 години, почну­вајќи од хранење и сместување на луѓето раселени од цунамито, до психолошко советување.


Други групи бараат повеќе

Одлуката на Црвениот крст да се престане со собирањето средства следува по една одлука донесена на почетокот на  овој месец од француската добротворна организација “Док­тори без граници”, која исто така кажа дека собрала довол­но.

Но, други хуманитарни групи ја поттикнуваат јавноста да продолжи да донира пари, особено за фазата на реконструкција.

Влади, хуманитарни групи и индивидуални донатори досе­га ветиле повеќе од 7 милијарди американски долари помош за цунамито, но може да поминат месеци или години пред повеќето од овие па­ри да се материјализираат.

Сид Балман, портпарол на американскиот синџир од хуманитарни групи “Интерак­ција”, рече дека е особено важно донаторите, а особено владите, да ги спроведат ветувањата до крај.

“Заедници беа комплетно уништени и според поранешни искуства, од­ре­­ден процент на донации кои владите го ветиле може да не се материјализира”, рече Балман.Тој рече дека е важно донаторите да разберат дека повеќето од 160-те членови на “Интеракција” не ги исполниле своите цели за финансиска поддршка.

“Луѓето не треба да претпоставуваат дека ако Црвениот крст има доволно, тоа е случај и со другите”, рече Балман.”Интеракција” проценува дека неговите членови собрале повеќе од 450 милиони долари за жртвите од цунамито.

Портпаролот на ГРИЖА САД, Лурма Рекли, соопшти дека нејзината група досега собрала околу 25 милиони до­лари и дека нејзина­та цел е да се ветат 50 милиони до­ла­ри за ра­ботата око­лу реконструкцијата.

“Ние сме во областите за­фа­тени од цу­­­нами со де­­­­цении и ќе би­­де­ме таму уште долго. Ние не зна­еме чии ветувања ќе се исполнат и колку ќе биде потребно. Ние не го стопираме долгорочно собирањето средства”, рече таа.

Портпаролот на “Спасете ги децата САД”, Колин Сатон, соопшти дека нејзината организација исто така продолжува со напо­рите за собирање средства.

“Јас  мислам дека луѓето ја препознаваат долгорочната потреба за децата и што е потребно за обновување на нивните животи и се надеваме дека луѓето ќе продол­жат да даваат”, рече таа.        

 
By Sue Pleming, Reuters, Јануари 25, 2005

Учеството во Програмата за демократска соработка (во четвртата фаза) придонесе кон зајакнување на капацитетот на нашата организација, посебно во делот на лобирање и застапување пред државните институции, како и управување со проекти. Зајакнатите капацитети на нашата организација доведоа до подготовка на други проекти кои во деветмесечниот период беа финансиски поддржани од различни донатори (Згрижување интернационал,  “Креирање на младинска политика”, “Зајакнување на капацитетите на ГО”, ЦАРИТАС “Младите за демократијата”, “Тренинг за млади лидери”, ФИООМ “Дијалог со младите”, Згрижување интернационал, “Девелопмент Цооператион Иреланд”, ИСЦ/УСАИД и ФИООМ “Конфренција за младинска политика за земјите од Југоисточна Европа”).

Дел од услугите кои ги нуди нашата организација се однесуваат на испорачување обука за млади и ГО како целна група. Благодарение на учеството во ДемНет, зајакнатите капацитети на организацијата се рефлектираа и врз обуките кои ги испорачавме на темите: “Методи на фацилитација” (целна група ГО, членки на коалицијата СЕГА), “Развој на вештини за презентација”, “Органи­зациски способности”  и “Градење тим” (целна група мла­ди локални лидери).

Како резултат на спроведувањето на проектот со ДемНет, во нашата организација се донесе правилник за бележење на времето на работа на волонтерите во организацијата, правилник за спречување конфликт на интереси и стратешки план на организацијата.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA