Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 69

   

Погледи

Чекајте, каде без 8 Март!?

Што не е 8 Март? 8 Март не е ден на мајката. Не е ден на сестрата. Не е заостанат социјалистички празник. Точно е дека 8 Март е прогласен за официјален ден на жената на интернационалната конференција на жените одржана од Социјалистичката интернационала во Копенхаген во 1910 година. Точно е дека предлогот го дала германската социјалистка Клара Цеткин. Но, тоа не е одлука донесена тукутака и валидна само за левоориентираните движења/држави. Таа 1910-та е моментот на концентрирање и синхронизирање на демонстрациите и борбата за подобра економска, политичка и социјална положба на жената, која насекаде во светот веќе одамна била започната. Ова е борба која ниту освојувањето на правата ниту времето не можат да ја прегазат. Затоа, во 1975 година, која била прогласена за Меѓународна година на жената, Обединетите нации започнаа официјално да го поддржуваат 8 Март како Меѓународен ден на жената.

Што е 8 Март? Тоа е денот на кој им се заблагодаруваме на милионите кои пред нас демонстрирале и, со многу маки и упорност, се избориле ние денес во Македонија да имаме право да се образуваме во сите степени од образованието; да имаме право на работа, кариера и плата еднаква како и нашите колеги - мажи; да имаме 8-часовно работно време, 9-месечно породилно боледување и уште 3 месеци скратено работно време, доколку го доиме своето дете; право самите да одлучуваме дали, кога и со кого ќе стапиме во брак, да бидеме рамноправни партнерки во бракот и сопственички на имотот стекнат во него; да имаме право, рамноправно со нашите сопрузи, да одлучуваме дали и колку деца ќе имаме, како ќе ги воспитуваме и образуваме; да имаме право да го наследуваме имотот на нашите родители, еднакво како и нашите браќа; да имаме право да гласаме по сопствен избор или да не гласаме доколку заклучиме дека ниту една политичка опција не го заслужува нашиот глас; да имаме право да се кандидираме и да бидеме избрани за пратенички, советнички, градоначалнички, да бидеме минис­терки, премиерки, претседателки на држави (зошто да не!?)...

Што правиме ние на 8 Март? Најчесто се срамиме. Велиме: „Ех, е што е овој 8 Март!? Куп жени се собрале во кафеана и се поднапиле”. И така, преку замена на тези, поради несогласувањето со начинот на кој најчесто се празнува 8 Март во Македонија, се откажуваме од милионите кои се избориле за нашите права. Или велиме: „Го разбирам јас сето тоа околу 8 Март и рамноправноста и правата на жените, ама не можам да го славам овој ден зашто нема ден на мажите”. И така, сакајќи да бидеме што порамноправни, ја негираме вистината дека половина од човештвото со векови било дискриминирано и онеправдано само поради тоа што се родило со женска анатомија на телото.

Да направиме споредба - спремни ли сме да се откажеме од празнувањето на Илинден, 11 Октомври, 8 Септември само затоа што овие празници, кои ја претставуваат сржта на македонската државност, не се празнуваат официјално и во други држави? Или, затоа што можеби не се согласуваме со начинот на кој се одбележуваат?

Немам намера да обвинувам никого, ниту да им „попувам” на жените, впрочем милиони пред нас се избориле за правото на жената да мисли со својата глава. И токму пради ова право одбивам да се чувствувам непријатно на 8 Март. Одбивам да го негирам фактот дека сум жена во чија лична историја длабока бразда оставиле милионите, познати и непознати, кои оделе пред мене. Одбивам да заборавам дека во Македонија сe уште има жени на кои таткото, братот, сопругот, кој било поставен во позиција на нивни старател им ги одзема загарантираните права со закон. Одбивам да ги затворам очите пред семејното насилство, психичко или физичко. На 8 Март не се срамам да го ставам во втор план сето она што сум го постигнала во животот како рамноправно човечко битие и велам: „Да, јас сум жена и горда сум поради тоа”. Останатите 364 дена, колку што можам и како што можам, го врвам патот на милионите пред мене кои ми го дале правото на чекор.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA