Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Избор

   

ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА РОМИТЕ И ЗА ЈАВНИТЕ СЛУЖБИ ВО РОМАНИЈА, БУГАРИЈА И МАКЕДОНИЈА 

Депримирани и угнетени на маргините на општеството

Ирена Алексиева


Во обидот да се поддржи еднаквата интеграција на Ромите и да се придонесе во решавањето на проблемите на ромската заедница, Институтот Отворено Општество од Њујорк ангажираше консултант кој ќе врши истражување на пристапот на Ромите од Бугарија, Романија и Македонија до социјалната заштита, медицинската грижа и вдомувањето. Истражувањето кое траеше 18 месеци го водеше Ина Зун, адвокат за човекови права и член на одборот на европскиот Центар за правата на Ромите и консултант за правата на малцинствата во Институтот Отворено општество од Њујорк. Резултатите од нејзината работа беа објавени во книга насловена „На маргините: Ромите и јавните служби во Романија, Бугарија и Македонија” која ги прикажува согледувањата на авторот и вклучува специфични препораки за подобрување на пристапот на Ромите до социјалната заштита, медицинската грижа и вдомувањето.


Во март, г-ѓа Зун ја посети Бугарија за да ја промовира својата книга и се сретна со претставници на ромските НВО, како и со службени лица од Министерството за здравство, Министерството за правда и правна интеграција и Националниот совет за етика и демографски прашања при Министерскиот Совет. Г-ѓа Зун беше гостин на утринската програма на бугарската национална телевизија, одржа прес конференција и даде интервју за Светската програма на Ромите на телевизијата Седум дена.
Главниот фокус на истражувањето беше околу законите во трите земји со посебен акцент на оние членови кои создаваат услови за директна или индиректна дискриминација.
„Расизмот и дискриминацијата се премногу скапи за едно општество -  тврди Ина Зун. - Ако државата не го поддржува образованието на одредена група луѓе, таа ги губи како интелектуален потенцијал и квалификувана работна сила. Таквите групи се соочуваат со поголем ризик во врска со здравјето, што на долгорочен план може да стане премногу скапо за државата. Ние на Балканот не можеме да си дозволиме расизам и дискриминација. Згора на тоа, таквите ставови се неморални и недозволени:
„Ова е книга за група луѓе кои се турнати на маргините на општеството”-вели авторката за нејзиното дело. „На маргините” храбро го документира начинот на кој владите во регионот ги исклучуваат Ромите од социјалната заштита, здравството и задомувањето.Книгата се базира на интервјуа кои авторката сама ги направила во Бугарија, Македонија и Романија од октомври до декември, 1999, како и на информации собрани од неколку меѓународни истражувања.
„Расизмот е една причина за очајната состојба во која се наоѓа заедницата на Ромите во моментот, а не е нејзин резултат. Разликата денес се состои во тоа што ние се трудиме да живееме во едно демократско општество”-вели г-ѓа Зун. Според неа, владите на трите земји треба да донесат анти-дискриминаторски закони според Расната директива на Европската Заедница. Потребно е да се воспостави мониторинг систем за општествените права на национално и регионално ниво. Бугарија, Македонија и Романија треба да гарантираат навремена исплата на социјалната помош, а не да ги присилуваат Ромите да прифатат храна со лош квалитет наместо пари.
Посебните препораки на Ина Зун на полето на вдомувањето вклучуват усвојување на закони кои им даваат приоритет на загрозените фамилии Роми и на обесправените граѓани.
Според авторката, домовоте на Ромите треба да се категоризираат и да се вклучат во урбанистичките планови, додека нивните жители треба да се регистрираат со постојани адреси.
Исто така, многу е важно да се обезбеди соодветна обука за човекови права за експерти на НВО, правни лица и водачи на Ромите. „Бидејќи - како што вели Г-ѓа Зун - дури сега во случај на дискриминација, судија од Лом, на пример, може да се обрати до Конвенцијата за човекови права, но тој или таа тешко дека ќе го сторат тоа.”
Копии од книгата на Ина Зун се дистрибуираа до информативните центри на Институтот Отворено Општество низ земјата, до Локалните центри Заедницата на Ромите и до некои НВО на Ромите. Наскоро ќе се подготви резиме на книгата кое ќе биде достапно на веб-сајтот на Фондацијата Отворено Општество од Софија.
(Wide Awake, march-april 2001-06-06 www.osf.bg/osfpress)

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 04 Мај 2001
Број 04 Мај 2001
Вовед
Настани
Публикации
Календар
Форум
Погледи
Представување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA